а)
Алчноста е корен на сите зла
"Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни
по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни
болки" (1. Тимотеј 6:10)
"Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не
произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано
војуваат во вашите тела? Го посакувате тоа што го немате и ќе
направите се за да го добиете. Подготвени сте дури и да убиете!
Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не
добивате, бидејќи не го барате од Бог. А и кога барате - не
добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите
вашите необуздани страсти." (Јаков 4:1-3)
"Алчниот човек си го упропастува сопственото семејство"
(Поговорки 15:27)
"Кој е љубител на пари - не се наситува на пари; и кој е љубител
на раскошот - не му достасува имотот!"
(Проповедник 5:10)
б) Да
бидеме задоволни и внимателни
"Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да
бидеш задоволен со тоа што го имаш. Со празни раце доаѓаме на
овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со
себе. Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни. Оние
што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и
стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на
крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст."
(1. Тимотеј 6:6-9)
"Внимавајте и пазете се од секаков вид лакомство, зашто ни на
оној што е многу богат, животот не му е сигурен само затоа што е
богат!" (Исус, во Ев. Лука 12:15)
АНГЕЛИТЕ
(Хебрејскиот збор е "малак", а грчкот - "ангелос".
Обата збора значат: "гласник")
а)
Улогата на ангелите
"Ангелите се само слуги. Тие се духовни суштества кои Бог ги
испраќа да им помагаат на оние што ќе го примат спасението."
(Евреите 1:14)
"На Своите ангели Тој за тебе ќе им заповеда, на секој твој
чекор да те чуваат." (Псалм 91 (90):11)
"Кога почина сиромавиот, ангелите го одведоа на небото, каде што
е Авраам." (Лука 16: 22)
б)
Ангели за децата
"Внимавајте да не потцените ниедно од овие најмалечкиве, зашто
нивните ангели на небото се постојано со Мојот небесен Татко."
(Матеј 18:10)
в)
Ангелите не знаат се
"А денот и часот на Христовото враќање никому не му се откриени,
дури ни на ангелите на небото..." (Матеј 24:36)
"Дури и ангелите копнеат да проникнат во овие работи, да ги
разберат." (1. Петар 1:12)
г)
Ангелите се радуваат
"Ве уверувам, дека, на сличен начин, Божјите ангели се веселат
за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог."
(Лука 15:10)
"Во моето видение понатаму чув песни од многубројни ангели...
кои пееја громогласно, во хор..." (Откровение 5:11)
д)
Ангелите не треба да се обожаваат
"Тогаш јас клекнав пред ангелот за да му се поклонам, но тој ми
рече: 'Немој! И јас сум Божји служител, како што си и ти, и сите
други следбеници на Исус. Само на Бог поклонувај Му се!'"
(Откровение 19:10)
"... паднав ничкум пред нозете на ангелот... со намера да му се
поклонам. Но тој ми рече: 'Немој, не прави го тоа! И јас сум
само Божји служител, како што си и ти... На Бог поклони Му се!'"
(Откровение 22:8-9)
ѓ)
Споредба со ангелите
"Зашто, кога луѓето ќе воскреснат, тие нема да бидат ни женети
ни мажени, туку ќе бидат како ангелите на небото." (Матеј
22:30)
е)
АРХАНГЕЛИ
"Господ лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда,
со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние
што верувале во Христос пред да починат."
(1. Солун 4:16)
Архангел Михаел (кај нас попознат како Михаил)
Името Миха-Ел на хебрејски значи: "Кој е како Бог!"
"Дури ни архангел Михаел, кога се препираше со Ѓаволот околу
телото на Мојсеј, не се осмели да изнесе против него навредливо
обвинение, туку рече: ,Господ да те прекори!-" (Јуда 9)
"Но јас ќе ти соопштам што е напишано во вистинското писмо; и
нема никој друг, што ќе ми помогне во тоа, освен Михаил, вашиот
кнез." (Даниел 10:21)
"И во тоа
време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ќе ги брани
синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што
немало откако постојат луѓето, па се до денес; но ќе се спасат
во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се
запишани во книгата."
(Даниел 12:1)
"Тогаш изби војна на небото: Михаел и ангелите под негова
команда завојуваа против Змејот и неговите ангели. Змејот беше
поразен и тој и неговите ангели беа исфрлени од небото. Големиот
Змеј, старата Змија, што ги мами сите жители на Земјата, познат
како Ѓавол и Сатана, беше фрлен на Земјата, заедно со неговите
ангели." (Откровение 12:7-9)
ж)
Ангелот Гаврил, Гаврило, Габриел (најточно е: Гав-риел)
Името Гавриел
на хебрејски значи: "Бог се покажа силен" или "Божји човек".
- му ги
протолкувал виденијата на пророкот Даниел:
"И кога
јас, Даниел, го гледав тоа видение и замолив за неговото
значење, ете пред мене застана некаков лик на човек. И чув...
човечки глас, кој извика и рече:
- Гавриле,
објасни му го тоа видение!
... а тој
ми рече: 'Знај, сине човечки дека видението се однесува на
крајот од времето... еве ти откривам што ќе биде во последните
денови на гневот; зашто тоа се однесува на крајот од
определеното време..." (Даниел 8:15-19)
- го
навестил раѓањето на Јован Крстител
"Наеднаш
пред Захарија се појави ангел Господов и застана од десната
страна на олтарот за кадење. Кога Захарија го забележа, се
стаписа и страв го обзеде. Но ангелот му рече: 'Не плаши се,
Захарија! Молитвата ти е услишена! Твојата жена Елисавета ќе ти
роди син и ќе му дадеш име Јован... јас сум Гаврил и престојувам
пред самиот Бог..." (Ев. Лука 1:11-13; 19)
- го
навестил раѓањето на Исус Христос:
"По шест
месеци, Бог го испрати ангелот Гаврил во галилејскиот град
Назарет, кај една девица по име Марија... и и рече: 'Ти ќе
забремениш, ќе родиш Син и ќе Му дадеш име Исус. Тој ќе биде
велик и ќе биде наречен Син на Севишниот..." (Ев. Лука 1: 26,
31-32)
з)
СЕРАФИМИ
"Во
годината кога умре цар Озија, јас го видов Господа, седнат на
престолот, висок издигнат, а полите на одеждата Негова го
исполнија целиот храм. Околу Него стоеја серафими; секој од нив
имаше по шест крилја: со две секој го криеше лицето свое, со две
други ги криеше нозете свои, а со две леташе. И викаа еден кон
друг и велеа: ,Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е
полна со Неговата слава!- И се разниша горништето на вратите од
гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим. И
реков: ,Тешто ми мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам
среде народ исто така со нечиста уста, - а очите мои Го видоа
Царот, Господа Саваот!- Тогаш долета до мене еден од серафимите
со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од
жртвеникот..." (Исаија 6: 1-6)
ѕ)
ХЕРУВИМИ
"И видов,
ете на сводот, што е над главите на херувимите, нешто како камен
сафир, како нешто да прилега на престол, се гледаше над нив. И
му зборуваше Он на човекот, облечен во ленена облека, па рече:
,Влези меѓу тркалата под херувимите, земи полна рака разгорени
јаглени од местото меѓу херувимите и расфрли ги врз градот.- И
тој влезе пред очите мои.
Херувимите,
пак, стоеја од десната страна на домот, кога влезе оној човек, и
облак го исполни внатрешниот двор. И славата Господова се
подигна од херувимот на прагот од домот и домот се исполни со
облак и дворот се исполни со светлина од славата Господова. И
шумот од крилјата на херувимите се слушаше дури до надворешниот
двор, како да е тоа глас од Бога Сесилниот, кога Он зборува. И
кога Он му даде заповед на човекот облечен во ленена облека, му
рече: ,Земи оган од местото меѓу тркалата, меѓу херувимите-, и
кога тој влезе и застана меѓу тркалата - тогаш среде херувимите
застана еден херувим, ја протегна раката своја кон огнот, што
беше меѓу херувимите, и зеде, па му даде една рака на облечениот
во бела ленена облека. Тој зеде и излезе. А под крилјата на
херувимите се гледаа подобија слични на човечки раце. И видов:
ете четири тркала до херувимите, по едно тркало до секој
херувим, а тркалата имаа изглед како да се од каменот топаз. И
сите четири по својот вид беа еднакви, како едно тркало да се
наоѓаше во друго тркало. Кога одеа, одеа на сите четири страни;
кога одеа не се свртуваа, но одеа кон она место, каде што им
беше свртена главата; кога одеа не се свртуваа. И телото нивно и
грбот нивни и рацете нивни, и крилјата нивни, и тркалата нивни
наоколу беа исполнети со очи - сите имаа по четири тркала.
Тркалата се викаа, како што чув, галгал. И секоа животно имаше
по четири лица: првото лице - лице херувимско, второто лице -
лице човечко, третото лице - лице лавовско и четвртото лице -
лице орловско. Херувимите се подигнаа. Тогаш видов дека тие беа
истите животни што ги видов при реката Ховар. Кога одеа
херувимите, се вртеа до нив и тркалата; кога се подигаа крилјата
нивни, за да се подигнат од земјата, тркалата не се одделуваа,
туку беа при нив. А кога стоеја, стоеја и тие; кога ќе се
подигнеа, се подигаа и тие, зашто во нив беше духот на
животните. И славата Господова се подигна од прагот на домот, па
застана над херувимите. И херувимите ги подигнаа крилјата свои
и се подигнаа пред очите мои од земјата. Кога тргнаа, и тркалата
беа до нив; па застанаа при влезот на источната врата од домот
Господов, и славата на Бога Израелов беше над нив одозгора. Тоа
беа истите животни, што ги видов во подножјето на Израеловиот
Бог при реката Ховар. И јас разбрав дека тоа се херувими. Секој
имаше по четири лица, и секој - по четири крилја, а под нозете
слично на човечки раце. Лицата им личеа како на оние лица, што
ги видов при реката Ховар - од ист вид, тие истите. Секој одеше
право во оној правец, што беше пред лицето негово." (Езекиел
10)
"Чуј не, Пастиру
Израелов, Ти, Кој го водиш како стадо народот Јосифов, Ти, Кој
Си зацарен меѓу херувимите: заблескај!"
(Псалм 80 (79):1)
"Господ
царува - нека треперат народите! Престолот Му е меѓу херувимите
- нека се тресе земјата!" (Псалм 99 (98):1)
"И направи
два херувима од злато, леани направи ги и постави ги на двата
краја од поклопецот." (2. Мојсеј 25:18)
и)
Ангелите отпадници (види и под "Демонски духови")
"Зашто Бог
не ги поштеди ни ангелите што згрешија, туку ги предаде во
оковите на мракот, ги фрли во пеколот, за да бидат таму чувани
се до Судниот ден." (2. Петар 2:4)
"Зар не знаете дека
ние, христијаните, ќе им судиме дури и на ангелите? Тогаш, колку
полесно треба да ги разрешуваме овоземните несогласувања!"
(1. Коринт 6:3)
"Потоа
Царот ќе им се обрати на оние од левата страна: ,Бегајте од
Мене, вие клетници! Одете во вечниот оган, подготвен за Ѓаволот
и за неговите ангели!-" (Матеј 25:41)
"Големиот Змеј,
старата Змија, што ги мами сите жители на Земјата, познат како
Ѓавол и Сатана, баше фрлен на Земјата, заедно со неговите
ангели."
(Откровение 12:9)
ј)
Луцифер
(Во овие текстови наречен: Деница, син на зората; Тирски
цар; помазан херувим)
"Како падна
ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти,
кој ги угнетуваше народите. А во срцето свое си велеше: ,Ќе се
искачам на набото, ќе го издигнам престолот свој погоре од
Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на
крајот од северот; ќе се искачам до висините на облаците, ќе
бидам сличен на Севишниот.-" (Исаија 14:12-14)
",Сине човечки, плачи
за тирскиот цар и кажи му: - вака вели Господ Бог: ти си печат
на совршенство, полнота на мудроста и венец на убавината. Ти
беше во Едем, во Божјата градина; твоите облеки беа украсени со
секакви скапоцени камења: рубин, топаз, дијамант, хризолит,
оникс, јаспис, сафир, карбункул, смарагд и злато, сите вешто
исткаени и нанижани на тебе, приготвени во денот кога беше
создаден. Ти беше помазан херувим за да осенува, и Јас те
поставив за тоа; ти беше светата Божја гора, одеше среде огнени
камења. Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше
создаден, се додека не се најде во тебе беззаконие. Од твојата
проширена трговија утробата твоја се исполни со неправда и ти
згреши; и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав
тебе, херувиме, што осенуваше, среде огнени камења. Од
убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството
твое си ја загуби мудроста своја; затоа Јас ќе те соборам на
Земјата, ќе те предадам на потсмев пред царевите.-"
(Езекиел
28:12-17)
АТЕИСТИТЕ
(неверниците, безбожниците)
"Безумник е
тој што во срцето си вели: 'Бог не постои!'"
(Псалм 14 (13):1)
"Во својата вообразеност, безбожникот не Го бара Бога: во ниедна
мисла негова нема место за Бога!" (Псалм 10:4)
"...безбожниците... се како плева што ветер ја вее! Затоа,
безбожниците нема да се одржат на Судниот Ден, ни грешниците во
заедницата на праведниците." (Псалм 1:4-5)
"А оние што од страв се откажуваат од верата во Мене, како и
неверниците, неморалните, убијците, блудниците, маѓепсниците,
обожавателите на идоли и сите лажговци, ќе завршат во Огненото
Езеро полно со запален сулфур. Тоа ќе биде втората смрт."
(Откровение 21:8)
" А за безбожниците нема мир, вели Господ."
(Исаија 48:22)
"Нечесниот
нека го остави патот свој, и беззаконикот - помислите свои и
нека се обрне кон Господа, нашиот Бог, - и Он ќе го помилува,
зашто е многу милостив." (Исаија 55:7)
*******
Афоризми за атеистите
Некои луѓе си ласкаат на
себеси, сметајќи се за атеисти, иако во суштина се паганци!
Атеистот е човек, кој си
изградил куќа без ниту еден прозорец, а го обвинува Бог што мора
да живее во мрак!
Потсмевањето и насилството
им се единствените аргументи на атеистите против христијаните.
Безбожниците зборуваат за
Бог почесто од побожните!
Некои луѓе се атеисти само
додека им оди мазно!
Атеистите го надминуваат
ѓаволот: тој барем знае дека Бог постои!
*******
БИБЛИЈАТА
(Свето
Писмо, Божјо Слово, Божја Реч, Божји Закон)
а)
Библијата е од Бога вдахновена
"Целото
Свето Писмо е од Бога вдахновено. Се што пишува во него може да
ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да
ни покаже како праведно да живееме. Светото Писмо совршено го
подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од
секаков вид." (2. Тимотеј 3:16-17)
"Пред се треба да
знаете дека ниту едно пророштво во Светото Писмо не е ничија
самоволна објава, бидејќи тие пророштва никогаш не биле дадени
по желба на некој човек, туку Светиот Дух ги поттикнувал и водел
Божјите луѓе да го зборуваат она што им било наложено од Бог."
(2. Петар 1:20-21)
"Зборовите
на Господа се беспрекорни, како сребро, од глина пречистено,
седумпати претопено!" (Псалм 12:6)
б)
Библијата има трајна вредност
"Зашто, ве
уверувам дека, се додека постојат небото и Земјата, ниту најмал
детаљ од Божјиот Закон нема да се укине се додека целосно не се
исполни!" (Матеј 5:18)
"Тревата се
суши, цвеќето свенува, а Словото на нашиот Бог останува вечно."
(Исаија 40:8)
"Само
зборот Господов вечно ќе живее. Тој збор е Радосната вест што
ви беше проповедана." (1. Петар 1:25)
"Небото и
Земјата ќе ги снема, но Моите зборови ќе останат!" (Исус,
во Матеј 24:35)
"За да ја
направи света, исчистувајќи ја преку водното крштавање и преку
Божјото Слово." (Ефес 5:26)
в)
Библијата е делотворна книга
"Божјата
порака е жива и делотворна, поостра и од најостриот меч со две
сечила. Таа се пробива длабоко во нас, до нашите најдлабики
мисли и намери, соголувајќи ги и душата и духот во нас. Таа не
разоткрива точно онакви какви што навистина сме."
(Евреите 4:12)
"Како може
млад човек во чистота да живее? - Така што ќе се раководи по
Твоите зборови!" (Псалм 119:9)
"Во моите
страдања утехата ми е оваа: Твојот збор ме оживува!"
(Псалм 119:50)
г)
Библијата е офанзивно духовно оружје
"Ставете го
спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е
Божјото Слово." (Ефес 6:17)
Афоризми за Библијата
Мноштвото книги се дадени
за наша информација; Библијата е дадена за наша трансформација!
Библијата не страда од
ниеден атеист, туку од секој побожен формалист!
Библијата може понекогаш
да те чуди, но никогаш нема да те заблуди!
Кога ќе откриеш дека
Божјиот Збор е сладок како мед, ќе сфатиш дека гревот е горчлив
како пелин!
Кога Библијата зборува,
дискусијата е излишна; кога Библијата ќе замолкне - дискусијата
е завршена!
Ако го има во Библијата -
точно е!
Библијата сигурно не ја
составил човек: и кога би сакал, не би можел; а кога би можел -
не би сакал!
Да имаш своја Библија е
голема привилегија!
Или Библијата ќе те варди
од гревот, или гревот ќе те варди од Библијата!
Библијата, онаква каква
што е, е токму за луѓето, онакви какви што се!
Семејната Библија се
пренесува од генерација на генерација бидејќи малку се користи!
*******
БОГ
(Господ)
а)
Постои само еден жив Господ и Бог
"Постои само еден единствен Бог и освен Него друг бог нема. За
некои луѓе постојат многу "богови" и господари, и на небото, и
на Земјата. Но ние имаме само еден Бог, нашиот небесен Татко.
Тој е Создателот на се и ние за Него живееме. Имаме само еден
Господ, и тоа е Исус Христос. Се е преку Него создадено,
вклучувајќи не и нас, луѓето." (Изјава на апостол Павле,
во 1. Коринт 8:4-6)
"Постои
само еден Бог и постои само Еден што може да посредува меѓу Бог
и луѓето: тоа е човекот Исус Христос." (Изјава на
апостол Павле, во 1. Тимотеј 2:5)
"А Господ Бог е вистина; Тој е жив Бог и вечен Цар."
(Изјава на пророк Еремија 10:10)
"Еве, Јас сум Господ, Бог на секоја плот; има ли нешто, што не е
можно за Мене?" (Изјава на пророк Еремија 32:27)
"Со кого ќе Ме изедначите, и ќе Ме споредите? Кого ќе го земете
за пример да прилега на Мене?"
(Изјава ма самиот Бог, во Исаија 46:5)
"А вечен живот е ова: да Те познаат Тебе, единствениот
вистински Бог, и Исус Христос, Кого Ти Го испрати."
(Изјава на апостол Јован, во Ев. Јован.
17:3)
"Под целиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат
да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!"
(Апостол Петар, во Дела на апостолите 4:12)
б)
Господ Бог е духовно битие/суштество
"Бог е Дух и оние што
Му се поклонуваат мораат да го прават тоа сходно со вистината
која им ја открива Божјиот Дух."
(Јован 4:24)
"Господ е во единство со Духот и каде што е присутен Господовиот
Дух, Тој донесува слобода." (2. Коринт 3:17)
в)
Господ Бог е самобитен и вечен
"Господ Бог е
вистина; Тој е жив Бог и вечен Цар."
(Еремија. 10:10)
"На
вечниот Цар, бесмртен и невидлив, на единствениот Бог, да Му
оддадеме слава и почит за вечни времиња! Амин."
(1. Тимотеј 1:17)
"Само Бог е бесмртен. Тој живее во светлина во која никој не
може да Му пријде! Човечко око не Го видело, ниту може да Го
види. Сета почит и власт Му припаѓаат Нему. Амин! (1.
Тимотеј 6:16)
"Господе, Ти ни беше закрила од род во род! Уште пред да се
родат планините, пред да ги создадеш Земјата и вселената, Ти Си
Бог, од века довека!" (Псалм 90:1-2)
"Зашто, илјада години се за Тебе (Боже) како еден минат ден,
колку една ноќна стража! (Псалм 90:4)
"Но Ти, Господе, остануваш вечно да царуваш, споменот за Тебе од
род во род продолжува." (Псалм 102:12)
"Затоа, извикав: Боже мој, не земај ме на средината од мојот
живот, Ти, чии години се протегаат од род во род! Во почетокот,
Ти ја основа Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце; тие
ќе пропаднат, а Ти ќе останеш; сите тие како руба ќе излитат,
како облека Ти ќе ги промениш и ќе ги фрлиш. А Ти остануваш
истиот, нема крај за Твоите години." (Псалм 102:24-27)
г)
Господ Бог, засега, е невидлив за нас
"Никој,
никогаш не Го видел Бога; но имаме објава за Него, преку
Единородниот Син, Кој е Бог, и Кој произлегува од Таткото."
(Ев. Јован 1:18)
"Бог му рече (на Мојсеј): лицето Мое не ќе можеш да го видиш,
зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив."
(2. Мојсеј 33:20)
"На вечниот Цар, бесмртен и невидлив, на единствениот Бог, да Му
оддадеме слава и почит за вечни времиња! Амин."
(1. Тимотеј 1:17)
"Само Бог е бесмртен. Тој живее во светлина во која никој не
може да Му пријде! Човечко око не Го видело, ниту може да Го
види." (1. Тимотеј 6:16)
"Благословени се луѓето со чисто срце, зашто тие ќе Го видат
Бога!" (Матеј 5:8).
"Сепак
знаеме дека кога Христос повторно ќе дојде, ќе станеме слични на
Него, бидејќи ќе Го видиме онаков каков што Тој навистина е."
(1. Јован 3:2).
д)
Господ Бог не се менува
"Бидејќи
сум Господ, Јас не се изменувам." (Малахија 3:6)
"Бог не е
човек, та да се колеба, ниту е син човечки, па да се изменува.
Што ќе каже, па да не го изврши, или што ќе рече, па да не биде
така?" (4. Мојсеј 23:19)
"Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што
ги создал небесните светила. Но за разлика од нив, Тој никогаш
не се менува, кај Него нема сенка која би била резултат на
поместување!" (Јаков 1:17)
"А Бог не си ги зема назад даровите што ги дал, и кога некого ќе
одбере, не се предомислува." (Римјаните 11:29)
"Исус
Христос не се менува: Тој е истиот, вчера, денес и засекогаш!"
(Евреите 13:8)
ѓ)
Бог е творец на се
"Во
почетокот Бог ги создаде небото и Земјата."
"И создаде
Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а кои ги
произведе водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати
птици, според родот нивни..."
"И создаде Бог ѕверови земни, според родот нивни, и добиток
според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот
нивни..."
"Потоа рече Бог: Да создадеме човек според Нашиот лик и образец,
како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и на
птиците небески, и на ѕверовите над целата земја и над сите
гадинки што се движат по земјата!- И го создаде Бог човекот
според Својот лик, според Божјиот образец го создаде; машко и
женско ги создаде..." (1. Мојсеј 1:1, 21, 25-27)
"Духот
Божји ме создал и здивот на Седржителот ми дал живот."
(Книга за Јов 33:4)
"Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји.
Маж и жена ги содаде, и ги благослови, и ги нарече човек во
денот кога беа создадени." (1. Мојсеј 5:1-2)
"Прашај го добитокот, и ќе те научи; запрашај ја небеската
птица, и ќе ти објасни. Гуштерите ќе те поучат, и ќе ти кажат и
морските риби. Кое од сите созданија не знае, дека раката на
Господа го создала? (Книга за Јов. 12:7-9)
"Сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде
небесата." (1. Летописи 16:26)
"Преку
зборот Господов беше создадено небото, преку здивот Негов -
ѕвезденото воинство." (Псалм 33:6)
"И рече Езра: Ти, Господи, Кој си еден, Ти го создаде небото,
небесата на небесата и сета нивна војска, земјата и се што е по
неа, морињата и се што е во нив, и Ти го оживуваш сето тоа, и
небесните воинства Ти се клањаат." (Немија 9:6)
"Бог ја создаде Земјата со силата Своја, ја утврди Вселената со
мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата.
(Еремија 10:12)
"Секоја
куќа има свој градител, а Бог е градител на се" (Евреите 3:4)
"Ти (Боже) ми ги создаде и телото и душата; Ти ме состави во
утробата на мајка ми... Твоите дела предизвикуваат восхит и јас
тоа добро го знам!" (Псалм 139:13-14).
е)
Господ Бог гледа се и знае се
"Зар Тој
што го всадил увото, не слуша? Зар Тој што го направил окото, не
гледа? ... Господ ги знае човечките мисли!" (Псалм
94:9-10)
"Очите Господови се насекаде и ги набљудуваат и лошите и
добрите."
"И Адот и Бездната се разоткриени пред Господа, а камоли
човечките срца!" (Поговорки 15:3, 11)
"Може ли човек да се сокрие на тајно место, каде што Јас не би
го видел? - вели Господ. Зар не го исполнувам Јас небото и
Земјата - вели Господ." (Еремија 23:24)
"Светот на мртвите е откриен пред Него, и нема покривка над
Бездната." (Книга за Јов 26:6)
"Никој не може да се сокрие од Бог! Се е докрај соголено и
разоткриено пред Неговите очи. Пред Него сите ќе полагаме
сметка!" (Евреите 4:13)
"Господе! Докрај Си ме испитал и темелно ме познаваш; знаеш кога
седнувам и кога станувам, мислите од далеку ми ги читаш; ме
набљудуваш кога излегувам и кога си легнувам, го знаеш секој
чекор мој. Уште зборот не ми дошол на јазикот - а ете, Ти
Господе, веќе знаеш се... Таквото знаење е пречудесно за мене,
превисоко за моите сфаќања... За Тебе ни темнината не е темна:
ноќта ќе свети како ден, зашто, за Тебе и темнината е како
светлина" (Псалм 139:1-4, 6, 12)
"А Исус им рече: Вие се правите праведни пред луѓето, но Бог ви
ги познава срцата: во очите на луѓето сте големи, но пред Бога
сте гнасни!" (Лука 16:15)
ж)
Господ Бог е верен
"И така,
знај дека Господ, твојот Бог, е верен Бог, Кој го пази од илјада
поколенија Својот завет и има милост спрема оние што Го сакаат и
ги извршуваат Неговите заповеди." (5. Мојсеј 7:9)
"Планини ќе се поместат, и ридови ќе се разнишаат, но Мојата
милост нема да отстапи од тебе и заветот на Мојот мир нема да се
разниша, вели Господ, Кој те милува." (Исаија 54:10)
"... Небото ќе изчезне како дим, и земјата ќе изветви како
облека, а и нејзините жители исто така ќе изумрат; а Јас ќе
спасувам вечно, правдата Моја нема да престане." (Исаија
51:6)
"А љубовта на Господа кон оној што Го почитува, е од искона и
довека! Правдата Негова е од синови до внуци."
(Псалм 103:17)
"Ако не
Му бидеме верни, Тој сепак ќе остане верен, зашто Христос не
може да се порекне Самиот Себе."
(2. Тимотеј 2:13)
"Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и
ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не
исчисти од сета неправедност." (1. Јован 1:9)
з)
Господ Бог е добар
"Проверете
и уверете се дека Господ е добар: среќен е човекот, кој, кај
Него си наоѓа прибежиште!" (Псалм 34:8)
"Бидејќи, Ти си добар, Господе, полн си со љубов и со прошка,
кон секој што Тебе те призива." (Псалм 86:5)
"Господ е добар, Неговата љубов е вечна, а верноста Негова трае
од поколение до поколение!" (Псалм 100:5)
"Нека Му благодарат на Господа за Неговата верна љубов и
Неговите чудеса што Тој ги прави за човечкиот род!"
(Псалм 107:8)
"Благодарете Му на Господа, бидејќи Тој е сушта добрина, бидејќи
Неговата љубов е вечна!" (Псалм 118:29)
"Господ е кон сите добар, сочуствителен е кон сите Свои творби."
(Псалм 145:9)
"Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душа,
која Го бара." (Плач на Еремија 3:25)
"Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост
и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време
за да се покаеш!" (Римјаните 2:4)
ѕ)
Господ Бог е долготрпелив
"Господ е
долготрпелив и многу милостив и вистинит... ги простува
беззаконијата и неправдите, и гревовите..."
(4. Мојсеј 14:18)
"Но, Ти, Господе, Си сочувствителен и нежен Бог, бавен на гнев,
а полн со љубов и со верност!" (Псалм 86:15)
"Господ не одолжува со исполнувањето на Своето ветување, како
што некои мислат. Тој само е трпелив, зашто не сака никој да
заврши во пропаст, туку секој да се покае и да се спаси"
(2. Петар 3:9)
"Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост
и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време
за да се покаеш!" (Римјаните 2:4)
и)
Господ Бог е вистинска љубов
"Зашто Бог
толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот
Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него,
туку да има вечен живот." (Ев. Јован 3:16)
"Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога,
бидејќи Бог е љубов. Бог ја докажа Својата голема љубов спрема
нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да
добиеме вечен живот преку Него. Тоа е вистинска љубов! Не дека
ние го сакавме Бога, туку Бог нас не сакаше и Го даде Својот Син
како помирителна жртва за нашите гревови." (1. Јован
4:8-10)
"Но Бог ни покажа колку многу не сака кога Го испрати Христос да
умре за нас уште додека бевме грешници."
(Римјаните 5:8)
"Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја
чувствува спрема нас..." (Ефес 2:4)
"Како што таткото има разбирање за своите деца, Господ има
разбирање за оние кои Го почитуваат." (Псалм 103:13)
"Одамна ми се јави Господ и ми рече: со вечна љубов те засакав и
затоа пристапив кон тебе со милост." (Еремија 31:3)
ј)
Господ Бог е милостив
"И кога ќе
повика кон Мене, Јас ќе го чујам, бидејќи Сум милостив."
(2. Мојсеј 22:27)
"Господ е
долготрпелив и многу милостив и вистинит... ги простува
беззаконијата и неправдите, и гревовите..."
(4. Мојсеј 14:18)
"Господ, Господ Бог штедар и милостив, долготрпелив,
многумилостив и вистински! Кој ја чува правдата и покажува
милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и
гревови..." (2. Мојсеј 34:6-7)
"Господ, твојот Бог, е благ и милосрден Бог; Тој нема да те
остави, нема да те погуби и нема да го заборави заветот со
твоите татковци, на кои со клетва им го потврдил." (5.
Мојсеј 4:31)
"Господ, Бог наш, е благ и милосрден и нема да го сврти лицето
од вас, ако се обрнете кон Него" (2. Летописи 30:9)
"Господ е милосрден и благороден, бавен на гнев и со љубов
исполнет. Нема вечно да обвинува, ниту вечно ќе држи лутина; не
постапува со нас според нашите гревови и не ни плаќа според
нашите престапи. Зашто, колку што е небото високо над Земјата,
толкава Му е љубовта кон оние кои Го почитуваат." (Псалм
103:8-11)
"... Да пристапиме кон престолот на Божјата благонаклоност со
целосна доверба. Таму ќе добиеме милост и благонаклоност кои ќе
ни бидат од голема помош кога ќе затреба." (Евреите 4:16)
"Ќе им ги простам нивните престапи и никогаш повеќе нема да ги
спомнувам нивните гревови!" (Евреите 8:12)
"Бидете милосрдни, како што е милосрден вашиот небесен Татко."
(Лука 6:36)
к)
Пристапот до Господ Бог
"Близу е Господ до сите кои Го бараат, до оние, кои искрено Го
призиваат." (Псалм 145:18)
"А без вера не е можно да Му бидеме угодни на Бог. Секој што
сака да дојде кај Бог, мора да верува дека Тој постои и дека ги
наградува оние што искрено Го бараат." (Евреите 11:6)
"Исус му одговори:
Јас сум Патот, Вистината и Животот. Без Мене, никој не може да
дојде кај небесниот Татко."
(Ев. Јован 14:6)
"Под целиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат
да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!"
(Дела на апостолите 4:12)
"Но сега го имате Исус Христос. Вие кои некогаш бевте далеку,
сега сте доведени близу до Бог, благодарение на крвта што
Христос ја пролеа за вас." (Ефес 2:13)
"Затоа, ние треба да пристапуваме кон престолот на Божјата
благонаклоност со целосна доверба. Таму ќе добиеме милост и
благонаклоност кои ќе ни бидат од голема помош кога ќе затреба."
(Евреите 4:16)
"Среќен е тој што Ти ќе го избереш и во Твоите дворови ќе го
прибереш! Ах, да се наситуваме од блаженствата на Твојот Дом и
од светоста на Твојот Храм!" (Псалм 65:4)
*******
Афоризми за Бог
Бог пишува со мастило што не се бриши,
зборува со јазик што не греши и работи со рака што не знае за
неуспех!
Бог може подеднакво да ги понесе твоите
големи грижи, како и малите; како што и морето може да ги понесе
големите бранови, како и малите.
Бог не пушта во длабоки води, не за да
не удави, туку за да не измие!
Можеш да сметаш на Бог. Може ли Бог да
смета на тебе?
Бог сака да се вивнеш како орел, а не да
колваш како кокошка!
Бог ги сака луѓето, иако тие не му
требаат. Луѓето не го сакаат Бога, иако Тој им треба.
Некои луѓе го третираат Бог како
адвокат: го бараат само кога се во невола!
Бог не гарантира удобно патување до
небото, но гарантира сигурно пристигнување!
Кога ти се чини дека
решенијата на твоите проблеми се невозможни, присети се дека Бог
е Специјалист за невозможни нешта!
Кога ќе бидеш готов да ги
откриеш своите гревови, Бог е готов да ги покрие!
Кога во животот ќе ти
остане само Бог, тогаш за првпат ќе сфатиш, дека Бог ти е
доволен!
Бог не ја крои облеката
на праведноста според луѓето, туку обратно!
Да одиш во чекор со Бог,
значи да одиш во расчекор со светот!
Ако не можеш да се соочиш
со Бог, нешто не е в ред со твојот животен поглед!
На прво место, имај страв
од Бог. На второ место, имај страв од секој што нема страв од
Бог!
За да засакаш човек,
треба да го запознаеш; за да го запознаеш Бога, треба да го
засакаш!
Бог може да постигне
повеќе со твојот живот; затоа - предај му го!
Без Бог, ние не можеме;
без нас, Бог не сака!
Ако не можеш да го најдеш
Бога - што мислиш, кој од вас двајцата се загубил?
Ако не е во нас Оној што
е над нас, бргу ќе не прегази она што е околу нас!
Оној што се повикува на
Божјите ветувања, треба да ги исполнува Божјите заповеди!
Сомневај се во своите
сомневања, но не и во Божјите ветувања!
Бог ги храни птиците, но
не им ја става храната во гнездата!
Ако веќе не си близу до
Бог, што мислиш, кој од вас двајцата се оддалечил?
Бог спасува еднаш, веднаш
и засекогаш!
Бог постојано создава
нешто ново и неповторливо; и ти си дел од тоа творештво.
Секој ден работиш за или
против Бог.
Жално е, ако го знаеш
Псалмот 23, а не го знаеш Пастирот!
Бог не греши. Ако мислиш
дека греши, тогаш грешиш!
Ако Бог те повикал, не
гледај дали некој те следи!
Ако Бог ти ја затвори
вратата, не обидувај се да влезеш низ прозорецот!
Што ќе се случи со вселената, ако Бог почне да
штрајкува!?
Божјите намери се
понекогаш одложени - но никогаш напуштени!
Најголемата трагедија во
животот е да го загубиш Бог, а да не забележиш дака ти
недостасува.
Ако Бог вели "дојди", Тој
веќе ти приоѓа во престрет. Ако Бог вели "оди", Тој веќе врви
пред тебе!
Ако Бог не го припитоми,
човекот е крволочна ѕверка!
Бог ретко прави големи
нешта набрзина!
Прилепи се до Бог, за да
нема место за ѓаволот меѓу вас!
Бог става солза во твоето
око, за да произведе божилак во твоето срце!
*******
БОГАТСТВОТО
а)
Ако го имаме, Господ ни го овозможил
"Но да Го помниш Господа, твојот Бог, зашто Он ти даде сила за
да се здобиеш со богатство, за да го исполни, како денес, Својот
завет, кој со клетва го беше потврдил на татковците твои."
(5. Мојсеј 8:18 )
"Од Тебе (Боже) е и богатството и славата; Ти владееш над се,
во Твојата рака е и силата и цврстината, и во Твојата власт е да
кренеш и да зацврстиш се."
(1. Летописи 29:12)
б)
Предупредувања на опасности од богатењето
"Тогаш Исус им рече на Своите ученици: ,Навистина, на богатите
ќе им биде многу тешко да влезат во небесното царство.-"
(Матеј 19:23)
"Но прекумерните грижи за работи од овој земен живот и желбата
да се збогатат и да имаат се и сешто ги заведуваат и ја
задушуваат пораката во нив; така таа останува без плод."
(Марко 4:19)
"Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го
сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а
другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на
парите."
( Матеј 6:24)
"Вие, пак, грижете се најнапред за Божјото царство и Неговата
праведност, а се друго што ви е потребно, ќе ви биде дадено."
(Матеј 6:33)
"Кога Исус излегуваше кон патот, Му притрча еден човек, клекна
на колена и Го праша: ,Добар Учителе! Што треба да правам за да
се здобијам со вечен живот?- Исус му одговори: ,Зошто Ме
нарекуваш ,добар-? Само Бог е добар! Ги знаеш Божјите заповеди:
Не убивај, не врши прељуби, не кради, не зборувај лаги за
другите, не мами, почитувај ги мајка си и татка си ...- Човекот
Му одговори: ,Учителе! Кон сите овие заповеди се придржувам уште
од детството!- Тогаш Исус милно го погледна и му рече: ,Има
уште нешто што треба да го направиш: оди, продај го сиот свој
имот и раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе добиеш имот
на небото. Потоа тргни по Мене и стани Мој следбеник.- Кога го
чу ова, човекот си замина разочаран и тажен, бидејќи поседуваше
голем имот. Исус погледна наоколу и им се обрати на Своите
ученици: ,Колку им е тешко на богатите да влезат во Божјото
царство!- Учениците се изненадија од овие зборови, но Исус
продолжи: ,Чеда! Тешко се влегува во Божјото царство! Полесно
камила ќе се спровре низ иглени уши, отколку богат човек да
влезе во Божјото царство!- Учениците уште повеќе се збунија, па
почнаа да си шепотат еден на друг: ,Тогаш, кој може да се
спаси!?- Исус впечатливо ги погледна и им рече: ,За луѓето е
невозможно, но за Бог нема ништо невозможно!- Петар Му рече:
,Ете, ние оставивме се и станавме Твои следбеници!- Исус му
одговори: ,Ве уверувам дека секој што заради Мене и Евангелието
оставил куќа, или браќа, или сестри, или мајка, или татко, или
деца, или земја, ќе биде награден. Веќе на овој свет, таквиот ќе
добие стопати повеќе куќи, браќа, сестри, мајки, деца, земја
... иако ќе има и прогонства. А во идниот свет ќе има вечен
живот. Но мнозина кои сега се први, ќе бидат последни, а мнозина
кои сега се последни, ќе бидат први.-"
(Марко 10:17-31)
"Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме
ништо не можеме да понесеме со себе. Ако имаме храна и облека,
треба да бидеме задоволни. Оние што сакаат да бидат богати
паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на
неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до
питачки стап и целосна пропаст. Алчноста за пари е корен на сите
зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата
скршнаа и си нанесоа многубројни болки. Тимотеј, ти си Божји
човек, затоа бегај од тие зла! Труди се да бидеш праведен,
побожен, верен, да ги сакаш луѓето, да бидеш трпелив и кроток.
Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш
вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе
даде исклучително добро сведоштво!"
(1. Тимотеј 6:7-12)
*******
Афоризми за богатството
Не е сиромав оној што има малку, туку оној што
бара многу!
Богатството создава пријатели. Бедата ги
проверува!
Блажен е човекот, кој лабаво се држи за
богатствата на овој свет.
Најбеден човек е оној, кој, освен парите, нема
ништо друго!
Ако не си благодарен кога си сиромав, дали
богатството би те направило благодарен?
Луѓето фалсификуваат пари. Парите фалсификуваат
луѓе!
Празната глава е поголема беда од празниот џеб!
Не троши го здравјето за да се збогатиш, оти
потоа ќе го потроши богатството за да оздравиш!
Ако сакаш да бидеш богат, ДАВАЈ! Ако сакаш да
бидеш бедник, ГРАБАЈ!
Човекот полесно ја поднесува сопствената беда,
отколку туѓото богатство!
Во беда, Господ да им е напомош на богатите!
Бедните се свикнати на неа!
Ако го загубиш богатството, ништо не си загубил; ако го загубиш
здравјето, нешто си загубил; ако го загубиш карактерот, се си
загубил!
Има два начина да бидеш богат. Едниот е, да имаш се што ќе
посакаш. Другиот е, да бидеш задоволен со тоа што го имаш!
*******
БОЖИК
(Рождество Христово; Христовото раѓање)
"А еве како се случи раѓањето на Исус, Месијата: Неговата мајка
Марија беше свршена за Јосиф; но, уште додека таа беше девица,
преку Светиот Дух во нејзината утроба се зачна дете. Тогаш
нејзиниот свршеник Јосиф, кој беше праведен човек и не сакаше
јавно да ја посрами, реши во тајност да ја остави. Но токму кога
науми да го стори тоа, на сон му се јави ангел Господов и му
рече: ,Јосифе, чедо Давидово, не плаши се да ја земеш Марија за
жена, зашто Детето зачнато во неа е од Светиот Дух. Таа ќе роди
Син на кој ќе Му дадеш име Исус, зашто Тој ќе го спаси својот
народ од неговите гревови.-А сето ова се случи за да се исполни
она што Господ го беше кажал преку пророкот Исаија: ,Ете, девица
ќе зачне и ќе роди Син; и ќе го наречат Имануел, што во превод
значи ,Бог е со нас.- Кога стана од спиење, Јосиф постапи така
како што му беше наредил ангелот Господов, и ја зеде Марија за
своја жена. Но Јосиф ја запази Марија како девица, се додека таа
не роди Син, на кој тој Му даде име Исус."
(Матеј 1:18-25)
"Во тоа време римскиот император Август издаде заповед за прв
попис на населението во неговата земја. Во времето на тој попис
управник на Сирија беше Квиринеј. Тогаш секој отиде да се запише
во местото на своето потекло. Така и Јосиф, кој беше потомок на
царот Давид, тргна од галилејскиот град Назарет во јудејскиот
град Витлеем, родното место на Давид. Јосиф отиде таму да се
запише заедно со својата бремена свршеница, Марија. Додека беа
таму, нејзе и дојде времето да се породи. И роди Син, нејзино
Првороденче, Го пови и Го положи в јасли, бидејќи за нив немаше
место во ноќевалиштето. Во истиот тој крај, имаше пастири кои
ноќеваа во полето, чувајќи ги своите стада. Одеднаш им се јави
ангел Господов и славата Господова ги осветли, од што тие многу
се исплашија. Но ангелот им рече: ,Не плашете се! Ви носам
радосна вест, што ќе ги зарадува сите народи. Денес, во
Давидовиот град, во Витлеем, ви се роди Спасителот - Месијата,
Господ. Доказ за ова ќе ви биде следното: во јаслите ќе најдете
Новороденче во повој. Вчасот, на ангелот му се придружија голем
број ангели од небото, кои Го славеа Бога пеејќи: ,Слава на Бог
во небесата, а на Земјата мир за луѓето над кои почива Неговата
благонаклоност!- Кога ангелите се вратија на небото, пастирите
си рекоа еден на друг: ,Ајде да појдеме до Витлеем и да ја
видиме оваа случка со која не запозна Господ! Отидоа брзајќи и
ги најдоа Марија и Јосиф со Новороденчето кое лежеше во јаслите.
Откако Го видоа, на сите им раскажуваа за сето она што им го
беше рекол ангелот за Детето. Сите што го слушаа ова од
пастирите, се восхитуваа, а Марија ги запамети сите тие зборови
и често размислуваше за нив. Потоа пастирите се вратија, пеејќи
Му славопојки на Бог за сето она што го слушнаа и видоа, зашто
се беше точно така како што им кажа ангелот.-"
(Лука 2: 1-20)
"Потоа на небото се покажа една чудна појава: жена
облечена со Сонцето. Под нејзините нозе беше Месечината, а на
главата имаше венец со дванаесет ѕвезди. Жената се породуваше и
врескаше од породилни болки. Тогаш и друга глетка се појави на
небото: еден голем црвен Змеј со седум глави и десет рогови; на
секоја од седумте глави имаше круна. Со својата опашка Змејот
завлече една третина од ѕвездите на небото и ги собори долу на
Земјата. Потоа Змејот се упати кон жената за да и го погуби
Детето, откако ќе Го роди. Жената роди Син, Кој ќе владее над
сите народи со железен скиптар. Синот беше издвоен и однесен кај
Бог, на Неговиот престол."
(Откровение 12: 1-5)
БРАКОТ
(Види исто така и под:
"Разводот",
како и под
"Интимните односи")
а)
Бракот е воспоставен од Господ Бог
"И рече Господ Бог: не е добро за човекот да биде
сам; да му создадеме помошничка, слична на него... и Господ Бог
создаде жена... и ја доведе кај човекот..."
(1. Мојсеј (Битие) 1:18, 22)
"Подобро е да се двајца, отолку еден сам, зашто ќе
имаат взаемна полза еден од друг; ако едниот падне, другиот ќе
го подигне"
(Проповедник 4:9-10)
б)
Бракот е одвојување и присоединување
"Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се
прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело."
(1. Мојсеј 2:24)
в)
Бракот е света институција
"Бракот треба да се почитува од сите. Мажот и жената да ја
чуваат својата интимност без неверства, зашто на блудниците и
прељубниците ќе им суди Бог!"
(Евреите 13:4)
ВЕЛИГДЕН
(Види и под:
"Воскресението")
"Кога измина
саботата, во раните мугри на неделата, Марија Магдалена и
другата Марија дојдоа да го посетат гробот (на Исус Христос).
Одеднаш почвата силно се затресе; ангел Господов слезе од
небото, го тргна каменот со кој беше затворена гробницата и
седна врз него. Лицето му светеше како молскавица, а облеката му
беше бела како снег. Стражарите толку се исплашија, што како
мртви испопаѓаа по земјата.
Ангелот
им се обрати на жените: "Не плашете се! Знам дека Го барате
распнатиот Исус. Не е тука; воскресна, како што однапред ви беше
рекол! Влезете и погледнете го местото каде што беше положено
Неговото тело. Одете брзо и кажете им на Неговите ученици дека
Тој воскресна од мртвите и дека е на пат кон Галилеја. Појдете
таму и ќе Го видите. Еве, дојдов да ви го кажам тоа."
Со
измешани чувства на страв и радост жените веднаш ја напуштија
гробницата и со трчање се упатија кон Исусовите ученици да ги
известат за ова. Одеднаш, ги пресретна Исус и ги поздрави:
"Здраво!" Тие Му пријдоа, ги прегрнаа Неговите нозе и Му се
поклонија."
(Ев.
Матеј 28:1-9)
"Во
неделата, уште во рани зори, жените дојдоа кај гробницата,
носејќи ги миризливите масла за премачкување на Исусовото тело,
што самите ги беа приготвиле. Но ја најдоа гробницата отворена и
гробната плоча иставена. Влегоа во гробницата, но таму го немаше
телото на Господ Исус. Додека стоеја таму збунети, ненадејно
пред нив се појавија двајца мажи во блескави облеки. Исплашени,
жените се наведнаа кон земјата, кога тие им се обратија, велејќи
им: 'Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Тој не е овде!
Воскресна! Сетете се што ви велеше уште додека беше во Галилеја:
'Синот Човечки ќе треба да биде предаден во рацете на грешници,
кои ќе Го распнат, но на третиот ден Тој ќе воскресне'. Тогаш
жените се сетија дека Исус навистина им го кажа тоа."
(Ев.
Лука 24:1-8)
"Рано
изутрината во неделата, кога Исус воскресна од мртвите, и се
појави на Марија Магдалена...
...подоцна, Исус им се појави на двајца Свои ученици...
... потоа Исус им се
покажа на единаесеттемина Свои ученици, додека тие вечераа
заедно..."
(Ев.
Марко 16:9, 12, 14)
Види и под: "Воскресението"
ВЕРАТА
а) Дефиниција за
верата
"Што е вера? Тоа е
сигурност дека она на што се надеваме навистина и ќе се случи.
Вера е увереност во нешто што не си го видел."
(Евреите 11:1)
б) Генезата на верата
"Сепак, верата доаѓа
преку слушање, и тоа преку слушање на Радосната вест за
Христос."
(Римјаните 10:17)
в) Верата е неопходна
"А без вера не е
можно да Му бидеме угодни на Бог. Секој што сака да дојде кај
Бог, мора да верува дека Тој постои и дека ги наградува оние што
искрено Го бараат."
(Евреите 11:6)
г) Делотворна,
спасоносна вера
"Така е и со верата.
Ако не е поткрепена со соодветни постапки, таквата вера е мртва
вера."
(Јаков 2:17)
"И ете, гордата душа
нема да се успокои, а праведникот преку верата ќе живее."
(Авакум
2:4)
"Светото Писмо вели:
,Авраам Му поверува на Бог, и Бог му ја препиша неговата вера
како праведност.-"
(Римјаните 4:3)
"Сега, кога стекнавме
праведност преку вера, живееме во мир со Бог по заслуга на
нашиот Господ Исус Христос."
(Римјаните 5:1)
"Верувајте Му на
Господа, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците
Негови, и ќе имате успех.-"
(2. Летописи 20:20)
д) Верата во Христос
е Божја заповед
"А Божјата заповед е
да веруваме во Неговиот Син Исус Христос и да се сакаме еден со
друг. Така ни заповеда и Исус."
(1. Јован 3:23)
ѓ) (Не)доволна вера
",Бидејќи немате
доволно вера-- им одговори Исус. ,Зашто, ве уверувам, дека кога
би имале вера само колку едно синапово зрнце, би можеле да и
речете на оваа планина: ,Премести се одовде таму!- - и таа ќе се
премести. И ништо не би ви било неможно.-"
(Матеј
17:20)
"А Исус им одговори:
,Ве уверувам дека, доколку имате вера и не се сомневате, не
само што ќе можете да го правите тоа што и се случи на смоквата,
туку, ако и на оваа планина и речете:, Подигни се и фрли се в
море!-- тоа ќе се случи!
(Матеј
21:21)
*******
Афоризми за верата
Верата го гледа невидливото, го верува
неверојатното и го постигнува невозможното!
Верата го очекува од Бог неочекуваното!
Ако сакаш луѓето да им веруваат на твоите
зборови, преточи ги во дела!
Верно верен на Божјото Слово, чесно чесен во
секое дело; справедливо справедлив во секој суд, тоа е целта на
мојот труд.
Верата и стравот не живеат заедно!
ВЕРАТА те прави христијанин. ЖИВОТОТ покажува
дека си христијанин. НЕВОЛИТЕ потврдуваат дека си христијанин.
СМРТТА те крунисува како христјанин.
Има паганци верни на лажни богови, а има и
христијани неверни на вистинскиот Бог.
Почетокот на секирацијата е крај на верата;
почетокот на верата е крај на секирацијата.
Некои христијани "стојат цврсто во верата" -
ништо не ги помрднува во акција!
Само верата спасува, но верата што спасува, не
останува сама: и се придружуваат и делата!
Верата е довод во нашата душа, а љубовта е одвод.
Верата може да ја урне секоја планина, или барем
да прокопа тунел под неа!
Оние кои не веруваат во ништо, можат да бидат
заведени од сешто!
Привремената вера, како и привремената работа, не
е доволна за живот.
Пред да го молиш Бог да ти даде вера која ќе покренува планини,
моли го да ти даде вера која ќе те покрене тебе!
Добро е да имаш вера; уште подобро е верата да те
има тебе!
Христијанската вера е пред се начин на живеење, а
потоа и начин на зборување!
Додека молитвата бара дожд, верата го отвора
чадорот!
Христијанинот што се срамува од својата вера, има
доза на вера од којашто треба да се срамува!
Верата на некои луѓе им е здрава во јазикот, но
саката во рацете и во нозете!
Верата на некои луѓе им е сместена само во
јазикот, а не и во срцето!
Вистинската вера не се рецитира, туку се
практицира!
Тивката вера, како и тивката вода, лесно
замрзнува!
Христијанската вера не е празничен десерт, туку
насушен леб!
Ако веруваш во себе, ќе се разочараш. Ако веруваш
во пријатели, ќе те напуштат кога ќе умрат. Ако веруваш во
парите, инфлацијата ќе ги обезвредни. Ако веруваш во
репутацијата, злите јазици ќе ја разурнат. Ако веруваш во Бог,
ќе бидеш вечно задоволен.
Слободата на верување некои ја сфаќаат како
обврска за неверување!
Човекот без вера во Бог е како цвет без миризба.
Големата вера, ги прави малите луѓе големи, а
големите, уште поголеми!
Ако твојата вера не е доволно силна да те донесе
в црква, не очекувај дека ќе те однесе во небото!
*******
ВЕЧЕРАТА ГОСПОДОВА
- види под
"Причеста"
ВЛАСТА
а) Власта треба да се
почитува
"Почитувајте ја
државната власт. Секоја власт произлегува од Бога, па и
државната власт е воспоставена од Бог. Оној што се противи на
институцијата државна власт, се противи на уредбата воспоставена
од Бог и ќе биде казнет. Органите на власта не се закана за
добрите луѓе, туку за лошите луѓе. За да не се плашите од
властите, правете добро и тие ќе ве пофалат. Власта е во служба
на Бог и најзина должност е да работи за твое добро. Ако правиш
зло - има причина да се плашиш, зашто ќе бидеш казнет! Власта е
во служба на Бог и остро ги казнува оние што прават зло. Затоа,
треба да ја почитуваш државната власт, не само за да не бидеш
казнет, туку и да имаш чиста совест. Затоа треба да плаќате и
даноци. Извршителите на власта се во служба на Бог и треба да
бидат платени за она што го работат. Затоа, давајте им го она
што им припаѓа. Плаќајте ги даноците и царините, имајте
страхопочит спрема властите, укажувајќи им чест кога
заслужуваат."
(Римјаните 13:1-7)
"Заради Господа,
покорувајте им се на институциите на власта: било на
царот, како на
врховен владетел, било на управниците назначени од него. Тие се
поставени за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат
оние што прават добро. Бог сака со правење добро да ги
замолкнете неоснованите обвинувања на неразумните луѓе. Вие не
сте робови, туку слободни луѓе, но не треба да ја користите
слободата како изговор за да правите зло, туку живеете служејќи
Му на Бог. Почитувајте ги сите луѓе. Сакајте ги христијаните,
имајте страхопочит спрема Бог и почитувајте ја власта."
(1. Петар 2:13-17)
"Потсетувај ги
луѓето да им се покоруваат на властите и управниците и да бидат
послушни. Секогаш да бидат подготвени да прават добро."
(Тит
3:1)
б) За власта треба да
се молиме
"Како прво, ве
поттикнувам да се молите за сите луѓе. Барајте од Бог да им
помогне и да ги благослови, а потоа заблагодарувајте Му се за
сите нив. Молете се за царевите и за сите што се на власт, за да
имаме мирен и тивок живот, исполнет со побожност и достоинство.
Ваквите молитви се добри и Бог, нашиот Спасител, ги прифаќа. Тој
сака сите да се спасат и да ја сфатат вистината."
(1. Тимотеј 2:1-4)
в) Даноците спрема
државата треба да се плаќаат
"Затоа треба да
плаќате и даноци. Извршителите на власта се во служба на Бог и
треба да бидат платени за она што го работат. Затоа, давајте им
го она што им припаѓа. Плаќајте ги даноците и царините, имајте
страхопочит спрема властите, укажувајќи им чест кога
заслужуваат."
(Римјаните 13:6,7)
"Тие Му велеа (на
Исус): ,Учителе, знаеме дека тоа што го зборуваш и го учиш е
правилно. Знаеме дека Ти не гледеш на тоа кој е кој, туку
вистинито го проповедаш Божјиот пат. Кажи ни, дали ние треба да
му плаќаме данок на римскиот император, или не?- Исус го проѕре
нивното лукавство, па им рече: ,Покажете ми една римска монета.
Чиј лик и име се втиснати на монетата?- Тие Му одговорија: ,На
императорот- Тогаш Исус им рече: ,Дајте му го на императорот тоа
што му припаѓа на императорот, а на Бога - тоа што Му припаѓа на
Бога!-"
(Лука 20: 21-25)
г) И духовните водачи
треба да се почитуваат
"Слушајте ги вашите
духовни водачи и потчинувајте им се. Тие бдеат над вашите души
и за тоа се одговорни пред Бог. Овозможете им тоа да го прават
со радост, а не со воздишки, зашто тоа нема да биде во ваш
интерес."
(Евреите 13:17)
ВОЗНЕСЕНИЕТО
(Христово)
"Откако
на Своите ученици им ги упати овие зборови, Господ Исус се
вознесе на небото и седна до Бог, од Неговата десна страна"
(Ев.
Марко 16:19)
"...Исус
ги поведе надвор од градот, во близина на Бетанија, каде што ги
подигна Своите раце и почна да ги благословува. Додека ги
благословуваше, се подигаше над нив и се вознесе на небото. Тие
Му се поклонија и многу радосни се вратија во Ерусалим, каде што
целото време го минуваа во храмот, славејќи Го Бога"
(Ев.
Лука 24:50-53)
ВОСКРЕСЕНИЕТО
(Види и под
"Животот, смртта и потоа")
а) Господ ќе ги
воскресне починатите
"И јас,
како и тие, верувам во Бог и уверен сум дека Тој ќе ги воскресне
мртвите, како праведните, така и неправедните."
(Дела на апостолите 24:15)
"Ве
уверувам дека доаѓа време, и веќе е дојдено, кога мртвите ќе го
слушнат Мојот глас - гласот на Божјиот Син. Оние што Му биле
послушни - ќе живеат!"
(Ев.
Јован 5:25)
"Не
чудете се на ова, зашто доаѓа часот кога сите покојници ќе го
слушнат гласот на Божјиот Син и ќе излезат од гробовите: оние
што правеле добро - ќе воскреснат за да живеат вечно, а оние што
вршеле зло - ќе воскреснат за да бидат осудени на вечна казна!"
(Ев.
Јован 5:28-29)
"Знаеме
дека истиот оној Бог, Кој Го воскресна Господ Исус, и нас ќе не
воскресне. Потоа, и нас и вас, заедно со Исус, ќе не доведе кај
Себе."
(2. Коринт 4:14)
"И
многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат -
едни за живот вечен, а други за укор и срам."
(Даниел 12:2)
б) Апологетика за
воскресението
"Ако е
јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа
некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат? Ако е
невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не
воскреснал! А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и
нашето проповедање и вашата вера! Зашто, би испаднало дека тоа
што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека
Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да
воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос! Ако е
невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни
Христос не бил воскреснат. Ако Христос не бил воскреснат, тогаш
вашата вера е безвредна - вие сте и понатаму под осуда на вашите
гревови! Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во
Христос се неповратно загинати! Ако ние се надеваме на Христос
само за овој живот, тогаш ние сме најмизерни од сите луѓе на
светот!
Но Христос воскресна
од мртвите! Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе
бидат воскреснати од мртвите. Како што смртта дојде на овој свет
преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и
воскресението на мртвите, имено, преку Христос. Како што сите
умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се
поврзани со Христос повторно ќе оживеат, но според утврдениот
ред. Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе
воскреснат и Христовите следбеници. Потем ќе дојде крајот.
Христос ќе ги уништи сите зли владетели, власти и сили и ќе Му
го предаде царувањето на Таткото Бог. Зашто Христос ќе владее се
додека не ги собори и згази сите Свои непријатели. Последниот
непријател што ќе биде уништен ќе биде смртта."
(1. Коринт 15:12-26)
в) Какви ќе бидеме по
воскресението?
"Некој од
вас ќе праша: ,Како ќе воскреснат мртвите? Какви тела ќе имаат?-
Размислете разумно: кога сеете некое семе, тоа најпрво умира, а
потоа од него израснува живо растение. Она што го сеете е голо
зрно пченица или нешто друго. Семето изгледа сосема различно од
растението што подоцна ќе изникне. На секое посеано семе Бог му
дава тело какво што Тој сака. Секое си има свое сопствено тело.
А знаеме дека има разлики меѓу телата на луѓето, животните,
птиците и рибите. Постојат и небесни и земни тела, но славата на
небесните тела е различна од убавината на земните тела. Сјајот
на Сонцето се разликува од сјајот на Месечината; поинаков е пак,
сјајот на ѕвездите, а и ѕвездите муѓусебно се разликуваат по
својот сјај.
Слично ќе биде и со
воскресението на мртвите. Се закопува распадливо тело, а ќе
воскресне бесмртно тело. Се погребува истоштено, грдо, слабо
тело, а ќе воскресне славно и силно тело. Се погребува
материјално тело, а ќе воскресне духовно тело. Како што постои
материјално тело, така постои и духовно тело. Во Светото Писмо
пишува: ,Првиот човек, Адам, стана жива душа.- А Христос, Кој
може да биде наречен ,Последниот Адам-, е Дух што дава живот. Но
прво доаѓа материјалното тело, а потоа духовното. Првиот човек,
Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав. Вториот
човек, Христос, потекнува од небото. Какво што беше телото на
Адам, такво е и телото на секој човек сега: тоа е тело создадено
од земја.
Но на небото ќе имаме
тела како Христовото тело, бидејќи Христос потекнува од небото.
Како што сега личиме на Адам, на човекот направен од земен прав,
така тогаш ќе личиме на Христос , на Човекот што потекнува од
небото. Драги мои, она што сакам да ви го кажам е дека телата од
крв и месо не можат да го наследат Божјото царство. Тие се
распадливи тела и како такви не можат да бидат жители на Божјото
царство.
Ќе ви откријам една
тајна: сите нема да доживееме физичка смрт, но сите ќе бидеме
преобразени. Тоа ќе се случи брзо, за еден миг на окото. Кога ќе
се огласи последната труба, починатите Христови следбеници ќе
бидат воскреснати во бесмртни тела, а ние што сме живи ќе бидеме
преобразени исто така во бесмртни тела. Неопходно е нашите
распадливи тела да се преобразат во нераспадливи, и тоа што е
смртно да се преобрази во бесмртно. Кога нашите распадливи тела
ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно,
тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото Писмо: ,Смртта
е уништена и победата е целосна!- ,О, смрт, каде е твојата
победа? О, смрт, каде е твоето осило?- Гревот е осило на смртта,
а силата на гревот почива врз одредбите на Божјиот Закон. Но Бог
ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус
Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа."
(1. Коринт 15:35-57)
г) Први ќе воскреснат
Христовите следбеници
"Господ
Лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас
на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што
верувале во Христос пред да починат."
(1. Солун 4:16)
"Потоа
видов престоли; луѓето што седеа на нив, беа овластени да судат.
Ги забележав и душите на погубените поради вера во Исус и
проповедање на Божјото Слово и на сите оние што не му се
поклонија на Ѕверот, ни на неговата икона и не го примија
неговиот белег на челото или на раката. Видов како тие
воскреснаа и царуваа со Христос илјада години. (Другите умрени
нема да воскреснат додека не поминат илјада години.)"
(Откровение 20:4-5)
ВРАЖАЧИТЕ
(Гледачи, гатачи)
"Вражачи
да не оставате живи."
(2. Мојсеј 22:18)
"Кога ќе
влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не
свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; да не
се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката
своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да
гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту,
пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто,
секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради
тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди
непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи, што ти ги
наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ,
твојот Бог, не ти го дал. Господ, твојот Бог, ќе ти издигне
пророк од браќата твои, како мене, - Него слушајте Го."
(5. Мојсеј 18:9-15)
ГАВРИЛ
- види поднаслов кај "Ангели"
ГАТАЧИ, ГЛЕДАЧИ
- види под "Вражачи"
ГНЕВОТ
(лутина;
избувливост)
",Не гневете се во
толкава мера та да грешите! Гневот нека ви помине уште истиот
ден!"
(Ефес 4:26)
"Познато
ви е дека во Мојсеевиот Закон на вашите предци им било
заповедано: ,Не убивај! Кој ќе изврши убиство, ќе му биде
судено!- Јас, пак, ви велам: ,Секој што истура гнев против
својот ближен, заслужува осуда! Знаете дека секој што ќе навреди
ближен, бива изведен пред вашиот Врховен суд, а доколку го
проколнуваш својот ближен, можеш да завршиш и во огнениот
пекол!-"
(Матеј
5:21-22)
"Сега треба да
престанете со гнев, омраза и злоба. Престанете да навредувате и
да се служите со непристојни зборови."
(Колос 3:8)
"Драги мои пријатели:
повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од
гневење. Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од
нас."
(
Јаков 1:19-20)
"Неопходно е оние што се надзорници во црквата, како Божји
управители, да немаат пороци, да не бидат самовљубени и
избувливи, да не бидат пијаници, зајадливи, ниту да бидат алчни
по нечесна заработка."
(Тит
1:7)
ГОСПОД
- види под "Бог"
ГРЕВОТ
а) Општо за гревот
"Секој
кој прави грев, го прекршува Божјиот Закон, зашто гревот е токму
тоа: прекршување на Законот."
(1. Јован 3:4)
"Секоја
неправедност е грев, но секој грев не е смртоносен."
(1. Јован 5:17)
"Но ако
не постапите така, ќе згрешите пред Господа и за гревот свој ќе
претрпите казна, што ќе ве стигне."
(4. Мојсеј 32:23)
"Греши
секој што не прави добро, иако знае дека треба да го прави."
(Јаков 4:17)
"Затоа, не
дозволувајте му веќе на гревот да владее со вашето смртно тело и
не покорувајте им се на неговите грешни похоти!"
(Римјаните 6:12)
б) Сите сме грешни
"Кој може
да се пофали со безгрешно срце, и да тврди дека е чист од
секаков грев?"
(Поговорки 20:9)
"Зашто
сите згрешија и никој не успеа да ги достигне Божјите возвишени
стандарди."
(Римјаните 3:23)
"Ако
тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја
прифатиме вистината."
(1. Јован 1:8)
"Гревот
навлезе во овој свет преку еден човек, односно преку Адам.
Гревот ја донесе смртта, која ги зафати сите луѓе, бидејќи сите
згрешија."
(Римјаните 5:12)
"Зашто
платата што ја дава гревот е смрт, а подарокот што го дава Бог
преку вера во нашиот Господ Исус Христос е вечен живот."
(Римјаните 6:23)
"Но
беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши
прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да ве слуша."
(Исаија 59:2)
в) Исповедање и
простување на гревовите
"Но ако
Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си
го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти
од сета неправедност. Ако тврдиме дека не сме грешни, Бога Го
правиме лажливец и покажуваме дека Неговото Слово не навлегло
во нас."
(1. Јован 1:9-10)
"Нема среќа за тој
што гревовите си ги прикрива, а оној што ги исповеда и ги
напушта, ќе биде помилуван."
(Поговорки 28:13)
г) Непростливиот грев
"Ви
велам: на луѓето ќе им биде простен секој грев и секоја навреда,
но ако Го навредат (похулат) Светиот Дух нема да им биде
простено."
(Матеј
12:31)
"Но нема
простување за оној што ќе го навреди (похули) Светиот Дух;
таквиот грев вечно ќе го товари."
(Марко 3:29)
*******
Афоризми за гревот
Кога ќе откриеш дека Божјиот Збор е сладок како
мед, ќе сфатиш дека гревот е горчлив како пелин!
Порано јас трчав по гревот; сега гревот трча по
мене!
И твојот најтаинствен грев е извршен барем пред
двајца очевидци: Бог и твојата совест!
Критикувај го гревот, но не запаѓај во гревот на
критизерство!
Најголемиот грев во тебе е што мислиш дека си без
грев!
Кога човекот е готов да ги открие своите гревови,
Бог е готов да ги покрие!
Човекот кој згрешил, а не признава, продолжува да
греши!
Да грешиш е човечки; но ако трошиш повеќе гумичка
отколку моливче, очигледно претеруваш со грешките!
Секој мора да живее барем со еден грешник: со
себеси!
Биди немилосрден кон гревот, како што гревот е
немилосрден кон тебе!
Исповедај ги своите гревови, како што ги
исповедаш туѓите!
Ако не ги сакаш горчливите плодови на гревот, не
оди во овоштарникот на ѓаволот!
Платата за гревот е во совршен чекор со
инфлацијата!
Не можеш да имаш валкани мисли, не можеш да
кажуваш валкани зборови, не можеш да твориш валкани дела, и да
речеш: "Јас сум чист!"
ГРЕВ - семе што се сее. СМРТ - плод што се жнее.
Ако тврдиш дека ти не грешиш, правиш уште една
грешка!
Кога признаваш дека си згрешил, покажуваш дека
стануваш помудар.
Чувај се од искушенијата, а Бог ќе те чува од
гревовите во кои тие би те вовеле!
Гревот прави дупка на чашата преполнета со
благодети!
Ако не се учиш на грешките, нема смисла да ги
правиш!
И во време на инфлација, платата за гревот е
огромна!
Гордоста е состојка на гревот, која ги претвори
ангелите во ѓаволи!
И најмал грев ќе предизвика: збир од неволи,
одземање на енергија и множење на проблемите!
Проблемот со малите гревови е во тоа што тие
мошне бргу растат!
Најбезбеден си од гревот, ако те шокира на прв
поглед!
Задоволството од гревот е краткотрајно, но
платата е вечна!
Не си грешник, се додека не почнеш: да се
правдаш, да се криеш и да обвинуваш други!
ГРЕВ - момент на задоволство, вечност на тага!
Најопасните гревови не навалуваат, туку се
прилепуваат!
Гревот ќе те направи најголем измамник: ќе се
измамиш самиот себеси!
*******
ДАРОВИТЕ
(духовни)
"А сега,
драги пријатели христијани, сакам да ви напишам нешто и за
духовните дарби, односно за даровите што Светиот Дух му ги дава
на секој од нас, за да немате погрешна претстава по ова прашање.
Знаете дека кога бевте пагани вие бевте заведени и влечени кон
обожавање на неми идоли. Затоа сакам да ви кажам како да
разликувате дали нешто е навистина од Бог: како што ниеден човек
кој е воден од Божјиот Дух не може да Го колне, Исуса, така и
никој не може да исповеда дека Исус е Господ, доколку не е воден
од Светиот Дух.
Постојат разни
духовни дарби, но сите нив ги дава истиот Дух. Постојат различни
начини на кој секој од нас помага во Црквата, но сите ние
работиме за истиот Господ. Постојат различни начини на кои Бог
дејствува во нашите животи, но преку сите нас работи истиот Бог.
Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува за општа полза на
сите. На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат,
на други им дал особено знаење. Истиот Дух на едни луѓе им дава
посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат. На некои луѓе им
дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; на некои луѓе
им дава способност да распознаваат дали духот што зборува
навистина е од Бог или не, на други да зборуваат на различни
јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици. Сите
овие нешта ги прави едиствениот и истиот Свет Дух, Кој ги
распоредува даровите онака како што лично Тој ќе реши.
Како што едно живо
тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи
сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христиво
тело. Нас не има Евреи и припадници на други народи, некои од
нас се робови, а некои слободни. Сепак Божјиот Дух сите нас не
крсти и од нас направи едно тело. Секој од нас го прими истиот
Дух. Телото не е составено само од еден орган, туку од повеќе
органи. Ако ногата рече: ,Јас не сум дел од телото, бидејќи не
сум рака!- Дали тоа што е нога, а не рака, е причина да не се
смета за дел од телото? Или ако увото рече: ,Јас не сум дел од
телото, бидејќи не сум око!- Дали тоа што е уво, а не око, е
причина да не се смета за дел од телото? Ако целото тело беше
само око, како ќе слушавме? Ако целото тело беше само уво, како
ќе чувствувавме мириси? Но Бог го создаде нашето тело со многу
органи и ги постави онаму каде што сметал дека им е местото. Ако
има само еден орган, тоа нема да претставува тело! Телото е
едно, но се состои од многу органи.
Окото не може да и
каже на раката: ,Не си ми потребна!-, ниту главата може да им
каже на нозете: ,Не сте ми потребни!- Напротив, органите што ни
изгледаат послаби се многу понеопходни, а на оние што ги
сметаме за понеугледни им посветуваме поголемо внимание! Значи,
поголемо внимание им посветуваме на нашите понеугледни органи,
зашто угледните органи немаат потреба од тоа. Бог така го
составил телото, што им дал поголема чест на органите кои ние не
ги истакнуваме.
Така во самото тело
нема неединство, туку органите еднакво се грижат еден за друг.
Кога еден орган страда, со него страдаат сите органи. Кога на
еден орган му се оддаде признание, со него се радуваат сите
органи. Сите заедно, вие сте Христово тело, а секој поединец е
посебен орган во тоа тело. Во Христовото тело, односно во
Црквата, Бог поставил: прво апостоли, второ пророци, трето
учители, по нив се оние што прават чуда, па оние што имаат дарба
да исцелуваат, па оние што им помагаат на другите, па оние што
умеат да управуваат и оние што зборуваат разни јазици. Зар треба
сите да бидат апостоли? Треба ли сите да бидат пророци? Зар
треба сите да бидат учители? Може ли сите да имаат дарба да
исцелуваат? Треба ли сите да зборуваат на разни јазици? Може ли
секој да преведува од друг јазик? Се разбира, не! Стремете се
кон поголеми дарби! А јас ќе ви покажам што е неспоредливо
подобро од која и да е дарба!"
(1. Коринт 12:1-31)