English languageМакедонски јазик
 

 
 

Инспиративни молитви

(компилација)

Оваа книга претставува богата ризница на инспиративни молитви запишани низ повеќе столетија. Во книгава ќе најдете молитви од светиите Августин, Јован Златоуст, Климент, Тома Аквински, Мајка Тереза и многу други истакнати христијани, како и од библиските личности Давид, апостол Павле и Исус Христос. Молитвите опфатени во оваа книга се од општо христијански карактер, прифатливи за сите христијани, од сите генерации и групации.

Одбрани се молитви за најразлични ситуации: благодарствени, утрински, молитви за лична и општа светост, за прошка, исповеди, каења, застапнички молитви итн. Има и поглавје со едноставни молитви за мали деца. За полесен избор, книгата содржи три содржини: општа содржина, содржина по предмет и содржина по автор.

Како додаток, во книгата има и четири библиски проповеди поврзани со прашања за молитвата.

 

Цена: 150 ден.

 

 

 
   

Книгата можеш да ја купиш во нашиот центар во Дебар Маало, или во книжарницата „Откровение“ во подвозникот кај х. Континентал (Пон-Пет 8-18, Саб 10-14)

 

 

© Христијанска црква „Радосна Вест“ - Благоја Давков 10 - 1000 Скопје - +389 2 3213 457