| |
Св. Евангелие според
апостолот Јован
Св. Јован Богослов
Евангелието според апостолот Јован е евангелие
за мислители, за луѓе кои не се жртви на предрасуди. Ова евангелие
бележи седум селектирани чуда на Исус Христос, седум Негови говори и
седум длабоки „Јас Сум“ искази. Преку Божјо вдахновение, Јован ни
нуди пет клучни теми, витални за идентитетот на секој христијанин, а
предизвик за секој искрен мислител.
Од сите четири канонски евангелија, Јовановото
евангелие се истакнува по тоа што не се задржува на историскиот
преглед на Исусовиот живот, туку се концентрира на суштината на
Христовото длабоко учење. Јован бил еден од најблиските ученици на
Исус, и во длабока старост, откако добро ги изџвакал сите Христови
лекции и настани на кои бил очевидец, го составува ова евангелие.
Дополнето е со фусноти, коментари и појаснувања.
Цена: 50 ден.
(96стр.)
|
|