| |
Не за еволуцијата, да
на Библијата!
Д-р Иван Грозданов
Со мало задоцнување (во однос на останатиот
свет), конечно и во нашата земја, на македонски јазик е разобличена
теоријата на еволуцијата и на народот му се достапни нејзините
основни идеи и поставки. Во време кога на луѓето, поради комунизмот
и атеистичката пропаганда во образовните системи, им се пропагираше
еднострано прикажување на аргументите за потеклото на животот, кога
луѓето и заборавија дека таа сепак, после се, беше и остана
теорија-хипотеза, сега имаат можност да ги слушнат и против
аргументите за оваа теорија и самите да изградат став во однос на
потеклото на вселената и животот.
Книгава ја сметам за скромен придонес - вели
авторот - кон сериозните забелешки на аргументите кои
еволуционистите со децении ни ги сервираат како „Научно докажани“.
Се надевам дека оваа книга е и доволно провокативна (во позитивна
смисла) за оние читатели кои досега немале можност да ги слушнат
против-аргументите за потеклото на вселената и животот.
Цена: 150 ден.
(151стр.)
|
|