English languageМакедонски јазик
 

 
 

Новиот Завет - Христијанските Свети Книги (динамичен превод)

Превод: Д-р Иван Грозданов

Христијанските Свети Книги на современ македонски јазик. Вратете се кон изворот на Христовото и Апостолско учење, директно од Новиот завет.

Новиот завет е колекција на ранохристијанските Евангелија и Посланија кои заедно ја сочинуваат сржта за Христовиот живот, за Неговото учење и за Апостолската мисија. Оваа книга е основата на секое христијанско учење, па затоа претставува одлична можност да се запознаете директно со христијанството. Прочитајте ги директно Христовите и Апостолските зборови, од писанија на Евангелистите Матеј, Марко, Лука и Јован, како и од Апостолите Павле, Петар, Јован и други.

Овој превод на Новиот Завет (оригинално напишан на старогрчки) е објавен во 1999 година и претставува прв современ и динамичен превод на македонски јазик. Преку ваквиот вид на превод, на вистински начин можете да ја откриете ризницата на ранохристијанската духовна литература која го обликувала и се уште го обликува христијанство во светот.

 

Цена: 100 ден. (мек повез) / 200 ден. (кожен повез) (770стр.)

 

 

 
   

Книгата можеш да ја купиш во нашиот центар во Дебар Маало, или во книжарницата „Откровение“ во подвозникот кај х. Континентал (Пон-Пет 8-18, Саб 10-14)

 

 

© Христијанска црква „Радосна Вест“ - Благоја Давков 10 - 1000 Скопје - +389 2 3213 457