СЛОБОДНО  МЕСТО  ? "Ниту да му  давате место  на ѓаволот."     Ефес.   4:27

Еден професор во едно Библиско училиште, на своите студенти за испит им дал две теми: "Светиот Дух" и "Ѓаволот". На секоја од нив, студентите тре-бало да пишуваат по половина час. Но, еден студент пишувал цел час на темата "Свети Дух" и на крајот, при дното на листот, напишал: "Немав време да пи-шувам за "ѓаволот"!" Тој бил толку многу зафатен со Светиот Дух, што немал време за гаволот.

Ова е единствениот начин, на кој што можеме да му се спротивставиме на ѓаволот и да го победи-ме. Ние го имаме Божјото Слово. Ако редовно го чи-таме и се молиме - ако постојано сведочиме за Хрис-тос, тогаш нема да имаме место за ѓаволот. Зборот "место" е важен; ѓаволот неможе да биде на исто место каде што е и Светиот Дух. Меѓутоа, може да се случи, еден верник да му отстапи место во своето срце на гаволот. Вистинскиот лек за тоа е да бидеш исполнет со Светиот Дух (Ефес. 5:18). Да бидеш "ис-полнет", значи да бидеш толку полн, да немаш место за ништо друго. Тоа значи целосна покорност спрема Божјата волја. А волјата Божја ќе ја знаеш, кога ќе го читаш Неговото Писмо. Како го започнуваш денот? Дали читаш од Библијата и дали се молиш? Дали си "исполнет"? Само со помош на духовното оружје и штитот на верата ќе бидеш спремен да се одбраниш од секојдневните огнени стрели на лукавиот.

"Место имаш ли за Исус, Тој што умре за тебе? Надвор стои Тој и чука, бара место во срце."  (ХП-165)

„     СЕКОГАШ   БИДИ   БУДЕН    НА   КОГО   МУ   ОТСТАПУВАШ МЕСТО ВО СВОЕТО  СРЦЕ:   НА  БОГ ИЛИ   НА  ЃАВОЛОТ   !"