:   Псалм  145:1-12

ВРЕДНИ   РАЗГОВОРИ

"Од    колено    на    колено    ке    ги   слават   Твоите   дела   и   ке прикажуваат   за Твојата  сила."     Псалм 145:4

Една приказна зборува за еден човек кој по својата смрт веднаш пристигнал на небото. Привлечен од мноштвото луѓе собрани на едно место, човекот се распрашал што се случува . - "Уште малку па ќе започне една игра 'кажи што знаеш', па секој новодојден ке треба да каже нешто значајно од својот живот." - "Баш добро, рекол новодојдениот, јас ќе им зборувам за големата поплава што го снајде мојот град кога бев дете." - "Многу добро, одговорил него-виот водич. Само запомни, во публиката ќе биде и самиот Ное, лично!"

Понекогаш, она што го зборуваме пага во сенка во споредба со вистинските случки од животот. Нема ништо лошо во тоа ако разговараме за ситни работи, но тажно е ако тоа е се што можеме да споделиме со другите. Така ќе постанеме луге кои зборуваат многу,за мали работи. Ако твојот однос со Исус Хрис-тос е постојан, тогаш ќе постојат и вредни нешта за разговор. Некој рекол: - "Зборувај кој е Христос за тебе и како си го запознал како свој личен Спаси-тел. Раскажувај каква разлика настана откако го вку-си Неговото простување и Неговата љубов. Вредно е за тоа да се зборува. Ако зборуваш за својата вера, кажи исто така и за тоа што значи да живееш секој ден за Христос и што прави Тој за да те направи нова личност".

Да, за Исус Христос е секогаш вредно да се зборува!

"Јас  сакам да ви раскажам за вечни добрини, за љубовта на Исус, Тој   славен Спасител."      (ХП-162)

„    ТВОЈОТ    ГОВОР    ГО    ОТКРИВА    ТВОЈОТ   КАРАКТЕР, А  И  ТВОИТЕ  КОПНЕЖИ   "