Изреки Соломонови  11:23-31

ДАВАЈ   ОД  СРЦЕ   ! "Еден растура,   и  се  повеке  има".     Изреки Соломон.   11:24

За овој стих некој би рекол дека е противречен. Како може некој да растура, а да има уште повеќе? Светот е во трка за богатство. Сето она што го стек-нува, себично го чува само за себе. Но, Бог не не учи така. Тој ни покажал дека, кога еднаш семето се фрли во почвата, подоцна во жетвата дава голем род. Ова важи за било која област од животот. Кога ние даваме, Бог не благословува така што ни дава многу повеке отколку што сме дале ние. Тоа не зна-чи дека секогаш ќе бидеме благословени финансиски, туку дека духовно ќе се збогатиме, ќе чувствуваме вистинска радост и еден ден ќе ја добиеме вечната награда да уживаме во Небесниот рај. Не биди скр-жав, било на материјално или духовно поле. "Лебот фрлен во вода" ќе ти се врати пак повеќекратно ум-ножен.

Кога ова ќе почнеш да го применуваш во пракса, ѓаволот сигурно ќе ти се спротивстави.

Некој богат земјоделец, кој бил познат меѓу луѓето како голем скржавец, поверувал во Бог. Тогаш на некој сиромав човек му изгорело се што имал. Богатиот човек решил да му го даде најголемото парче сушено месо што го имал. Тогаш ѓаволот почнал да му зборува: "Зошто мораш да си толку великодушен, дај му го најмалото парче". Човекот, симнувајќи го најголемото парче, за момент почнал да се колеба, но со Божја помош, успеал да не попушти и рекол: "Сатано, ако не престанеш веке, ЌЕ ГО ДАДАМ ЦЕЛО-ТО МЕСО ШТО ГО ИМАМ ВО КУЌАТА!"

"Милостив дух сака, дарежлива рака, братска љубов што ќе праќа!"  (ХП-74)

„  ДАРЕЖЛИВАТА  РАКА  СЕКОГАШ  ИЗОБИЛУВА   !   "