Псалм 92
А ОНИЕ НАДВОР ?
"Ананија,... со добро име мегу сите Јудејци." Дела Апостолски 22:12
Ананија, човекот што го крсти Павле, беше со добро име. Неговото светло не светеше само во него-виот дом, туку зраците продираа преку прозорците и надвор. Многу Христијани "светат" само кога се наоѓаат во светлина, а не и во темнина. Пред други-те верни во црквата тие сведочат, но кога се надвор во светот, од нив потивки нема; никој не би можел да рече за таков човек дека е верник. А сепак, над-вор, во темнината има најмногу потреба од светлина.
Еден познат проповедник бил поканет да одржи служба во една мала црквичка. Долго време пред да почне службата, црквата била преполна, така што другите луѓе, кои подоцна доаѓале, морале да стојат надвор до вратата или до прозорците. Кога проповед-никот станал да ги поздрави, некој човек од надвор викнал: "Зборувај погласно, ние што сме надвор во-општо не можеме да те чуеме!" И ти брате, не биди задоволен само со заедништвото што го имаш в црква, но спомни си и за оние што се надвор. Тие ќе можат да те слушнат, само ако зборуваш доволно гласно. Дали твојот живот зборува доволно гласно за Христос? Дали ќе им посведочиш на оние надвор, кога ќе ти се укаже прилика, или ќе ги оставиш да бидат засе-когаш надвор? Спомни си за оние надвор и доведи ги до местото на одмор и спасение.
"Да ги спаси грешните, Бог ги бара секаде; Радост да им донесе, Тој ги бара тажните." (ХП-146)
" АКО НЕМАШ ВИЗИЈА ЗА ЗАГУБЕНИТЕ, И САМИОТ СИ ЗАГУБЕН ! "