Текст:
Јован 14:1–6
МОЈАТА
НОВА КУЌА
„Животот
на човекот не
зависи од
изобилието
на неговиот
имот“ Лука 12:15.
Тајната
на
задоволството
е да бидеш
задоволен
таму каде што
си и со тоа
што го имаш.
Самото
богатство
никогаш не
носи среќа.
Јаков вели
дека Бог „ги
избра
сиромасите
од овој свет
да бидат
богати во
верата и
наследници
на царството“
(Јаков 2:5). Павле
бил среќен
човек,
бидејќи
научил да
биде задоволен
од сè (Фил. 4:11). Тој, натаму
вели: „Голема
печалба е да
биде човек
благочестив
и задоволен...“
(1Тим. 6:6). Тој не
барал многу,
зашто вели:
„Кога имаме
храна и
облека, со
тоа да бидеме
задоволни“
(1Тим. 6:8). Натаму,
во Библијата
се вели:
„Бидете
задоволни со
она што го
имате“ (Евр. 13:5).
Еден
свештеник
минувал низ
сиромашно
црнечко предградие
и на покривот
на една шупа,
во која, очигледно,
живеело некое
семејство, го
забележал
домакинот
како ја чита
Библијата. Го
прашал која
книга ја
чита, на што
старецот му одговорил:
„Добрата
книга!“ А на
прашањето
што чита од
„Добрата
книга“, старецот
одговорил:
„Читам за
новата куќа
што се гради
за мене и моето
семејство,
горе на
небото.
Господине
тоа ќе биде
куќа, вистинска
куќа!“ Како да
сакал да каже
дека не се грижи
што уште малку
време ќе
живее во
шупа, наскоро
го очекува
небесна
палата во Божјиот
Дворец. На
лицето на
старецот се
огледувало
задоволство
и среќа.
Свештеникот
раскажува
како си
заминал засрамен,
но и благодарен
за оваа
необична
проповед за
задоволство
и во
најголема
сиромаштија.
„Кога
гледаш
богатство
кај другите,
спомни
си што в небо
има за тебе:
помисли
на сè што Исус
ветува,
тоа што
со пари не се
купува!“ (ХП–115)
„НЕЗАДОВОЛСТВОТО
НЕ ДОАЃА
ЗАТОА ШТО МНОГУ
ни
треба,
туку затоа
што многу
бараме“.