9 април

Текст: Псалм 25:1422

 

КАЛЕЊЕ

 

„Нека се рашири моето згрчено срце; изведи ме од неволјите“. Псалм 25:17

 

Често Бог нè подготвува за нова симфонија на нашиот жи­вот преку проблеми и неволји. Честопати, за да стигнеме на Го­ра­та на Вознесението, полна со благослови, треба да поминеме пре­ку Гетсеманија, па дури и преку стрмната Голгота.

Еден ковач, кој бил обратен само неколку години, бил пра­шан од еден стар познаник: „Како тоа, откако се обрати, имаш по­ве­ќе проблеми и тешкотии отколку порано; јас мислев кога чо­век ќе се обрати, сите негови маки ќе исчезнат“. Ковачот, рабо­теј­ќи во својата ковачница му одговорил: „Го гледаш ли ова парче же­ле­зо што го ковам? Од него се обидувам да направам нешто по­лезно; ќе биде тоа федер за кола. Но јас го проверувам и за­јак­ну­вам со калење. Го ставам в оган до усвитување, потоа во ладна во­да; и пак в оган, потоа во ладна вода; ако издржи, ќе биде неш­то од него, ако не, го фрлам во отпадот и го продавам во отпад за мал­ку пари. Е, кога Бог ме спасил, има за мене и определена цел, да бидам полезен за некоја служба. За таа цел, Тој ме проверува, под­готвува; ме кали како челик. Затоа јас секојдневно се молам ва­ка: Боже, подготви ме, искали ме како што сакаш; Те молам са­мо, не фрлај ме во отпадот!“

Дозволи му на Бог да те обликува; Тој е непогрешлив мај­стор! Ќе направи од тебе чудесно дело!

 

„Твојата волја, Господе мој,

нека ме води в животот мој;                                    

во Твои раце, глина сум јас,

обликувај ме во секој час!“ (ХП319)

 

„КВАЛИТЕТНИОТ ЧЕЛИК ПОМИНАЛ НИЗ

ЖЕЖОК ОГАН, ЛАДНА ВОДА И ТЕЖОК ЧЕКАН“.