Текст:
Евр. 1–17
ДА НЕ
ЗАЖАЛИШ!
„Сине
мој, не
презирај ја
казната од
Господ... “ Евр. 12:5.
Една
жена
несвесно
дозволила
нејзинот семеен
накит да биде
продаден за 100
денари. Таа
го чувала
својот
скапоцен
накит во еден
безбеден
банкарски
сеф. Еден ден,
поради една
свадбена свеченост,
таа го зела
накитот од
банката. Вечерта,
кога се вратила
дома, банката
веќе била
затворена.
Затоа, жената
го ставила
својот накит
во една стара
кутија од
прибор за бричење
и –
заборавила
на него! Еден
ден, кај неа
наминал еден
нејзин
пријател, кој
собирал
стари
предмети за
да ги продава.
Без да
размислува,
таа му ја
дала кутијата
за бричење.
Во моментот
кога сфатила
што
направила
накитот
заедно со
кутијата веќе
бил продаден
на непознат
купувач за 100
денари!
Во
извесна
смисла,
нејзината
болка е слична
со онаа на
Исав. Тој,
исто така,
доживеа, поради
немарност, да
загуби нешто
многу важно.
Иако Исав е
опишан како
световен човек,
кој немаше
интерес за
Божјите дела,
неговата
погрешна
одлука и подоцнежно
жалење, може
да бидат
поука за
христијаните.
На пример, во
Евр. 12, Бог нè
поучува да не
бидеме
огорчени од
Неговото карање
поради
нашите
гревови,
зашто ќе ја
загубиме
ползата од Неговото
казнување
(ст. 5). Таа
загуба е
многу поголема
од продажбата
на накитот за
смешна сума.
Како
можеме да ја
избегнеме
оваа загуба?
Кога ќе згрешиме,
треба да
бидеме
подготвени
да се поучиме
од Божјото
карање (ст. 11), да
покажеме
храброст (ст. 13,
14), и да си ја
обновиме нашата
духовна
виталност
(ст. 14).
„Не
отфрлај ти
Божји глас,
ни
небесната
светлина,
но
врати се ти
грешниче,
денес
спаси се!“ (ХП–164)
„БОГ ТЕ
КАРА ЗА ДА
РОДИШ ДОБАР
ПЛОД,
А НЕ ГОРЧЛИВ КОРЕН!“