4 август

Текст: Псалм 1

 

ВРАБЕЦОТ И КАНАРИНКАТА

 

„Затоа, излезете од нивната средина и одделете се, вели Господ“. 2 Коринт. 6:17.

 

Не постои човек кој може да им служи истовремено на двај­ца господари. Ако сме толерантни кон гревот, тогаш нема ние да го обратиме светот, туку светот ќе нè обрати нас. Некоја христи­јан­ка многу се трудела да го донесе својот маж в црква. Тој ì ре­кол дека ќе оди со неа в црква само под еден услов, ако и таа се сог­ласи да оди со него во кафеана. Очајна, таа му се обратила на пас­торот: „Што да правам? Дали жената треба да го слуша мажот во сè?“ Дали нејзината добра намера ја оправдува нејзината пос­тап­ка?

Одговорот на овие прашања се наоѓа во следниот пример. Не­кој човек имал канаринка што пеела многу убаво. Неговиот со­сед чувал едно врапче. Сакајќи да видат дали канаринката ќе го нау­чи врапчето да пее како неа, ги ставиле во иста соба. Но, на­мес­то врапчето да научи да пее како канаринката, канаринката поч­нала да црцори како врапчето!

Се разбира дека во својот секојдневен живот не можеш да се одделиш од неверниот свет. Неминовно е да контактираш со нив, но сепак не треба да ги вршиш нивните дела. Една стара ки­нес­ка поговорка вели: „Не можеш да ги сопреш птиците да летаат над твојата глава, но можеш да не им дозволиш да направат гнез­до во твојата коса“.

Во таа смисла Господ вели: „одделете се!“

 

„Се одлучив јас, по Исус одам (хЗ)

и назад не се обраќам!

Пред мене Исус, зад мене светот (хЗ)

и назад не се обраќам!“  (ХП–196)

 

„ЛУЃЕТО КОИ ГО ПРЕВРТЕА СВЕТОТ,

БЕА ЛУЃЕ КОИ СВЕТОТ НЕ МОЖЕШЕ ДА ГИ ПРЕВРТИ!“