22 август

Текст: Псалм 61:14

 

ВИСТИНСКИ БИСЕРИ

 

„... во Тебе се надева мојата душа и засолниште наоѓам во сенката од Твоите крилја, додека неволјите не поминат“. Псалм 57:1.

 

Некој човек сакал да ја научи својата ќерка што е пос­ве­ту­ва­ње и вера. Затоа, еден ден, тој побарал од неа да му докаже дека на­вис­тина го љуби, со тоа што ќе го фрли во огнот својот ѓердан од стаклени бисери. Ќерката со солзи во очите се согласила и со теш­ко срце го направила тој чекор на самоодречување. Тогаш тат­кото ì рекол: „Сега знам дека навистина ме љубиш“. Откако по­минало извесно време, на денот на нејзиниот роденден, таткото ја викнал. Отворајќи една мала кутија, ì рекол да ја прими како по­дарок на неговата љубов кон неа. Пред очите на девојчето за­блес­кале ВИСТИНСКИ БИСЕРИ. Фрлајќи се во татковската прег­ратка, извикала: „О, тате! Не ми беше јасно досега, но сега сè ми е јасно!“

Бог бара од нас вакво посветување. Нашите жртви за Него, Тој повеќекратно ќе ги надомести уште овде на земјата. Немој да жа­лиш за пропуштените мигови на уживање во твојот живот. Бог ќе ги замени со вистински бисери на верен благослов. Биди си­гу­рен дека наградата што ќе ја примиш за твојата верност, нема ни­ко­гаш да те разочара.

 

„Си размислувам јас за небесниот дом,

еден ден кога ќе заминам;

Блескав венец на мнозина ќе даде Бог,

дали ќе има и за мене?“  (ХП242)

 

„ЧЕСТОПАТИ БОЖЈИОТ БЛАГОСЛОВ НЕ Е ЗАВИТКАН ВО ЦЕЛОФАН, НО, СЕПАК ВНАТРЕ СЕ КРИЕ СКАПОЦЕН КАМЕН!“