31 август

Текст: Дела Апостолски 17:2234

 

СЛЕПИ И ГЛУВИ

 

„Ним богот од овој свет им ги заслепил умовите нивни, за да не ги осветли светлината на Благовестието“. 2 Кор. 4:4.

 

Без разлика колку некој човек е интелигентен и учен, тој мо­же да е целосен незнајко за духовните вистини. Еден мисионер од Австралија, кој работел меѓу домородците – Абориџини, ста­пил во разговор со еден неверен лекар. Откако мисионерот му ја опи­шал својата работа меѓу примитивните луѓе, лекарот го уко­рил и него и сите тие кои им „здодеваат на тие среќни при­ми­тив­ци“, зборувајќи им дека им треба спасение преку вера во Исус Христос. Без да се збуни, мисионерот му одговорил, „Докторе, вие, несомнено, знаете многу за човечкото тело, но вие ништо не зна­ете за тие примитивни луѓе и за духовните работи. Кога би зна­еле, вам би ви било јасно дека тие се робови на постојан страв, а се ослободуваат откако ќе поверуваат во Христос.“

Филозофите на кои Павле среде Атина им зборувал, биле слич­ни на овој лекар: интелигентни и учени, но духовно слепи и глу­ви. Мнозинството од нив ја отфрлиле поуката на апостол Пав­ле за Бог, за Христос и за воскресението.

Кога ќе ја шириме Радосната вест, да не заборавиме дека има­ме работа со луѓе кои природно се нечувствителни и полни со пред­ра­суди кон духовните вистини. Затоа, да не се изненадиме и обесхраб­риме кога ќе видиме дека ја одбиваат нашата порака и се про­тиват. Наше е да бидеме верни. Светиот Дух може да го напра­ви невозможното, да им даде виделина на нивните слепи очи и да им ги отвори затворените умови.

 

„Не отфрлај ти Божји глас,

ни небесната светлина,

но врати се ти, грешниче:

денес спаси се!“  (ХП164)

 

„НАЈМРАЧЕН ОД СИТЕ МРАКОВИ

Е МРАКОТ НА ГРЕВОТ!“