6 декември

Текст: 2 Коринт 11:16–33

 

ЖИВИ ПРИМЕРИ

 

„Затоа, ве молам, угледувајте се на мене.“ 1 Кор. 4:16 „... на верните да им служиш како пример... “ 1 Тим. 4:12.

 

Нашиот врвен пример во сè е Исус Христос, па кога ние зе­ма­ме примери од Него, треба исто така да служиме како пример за другите луѓе. Павле порачува: „Земајте пример од мене“, не за-тоа што се гордее со тоа, туку затоа што сака на другите да им по­ка­же да видат што направил Бог во неговиот живот. На Тимотеј му вели: „Биди им на верните пример во зборот, во начинот на жи­веење, во љубовта, во духот, во чистотата“.

Да земаме пример од Божјите слуги може да биде добра прак­тика. Евангелизаторот Муди, на пример, бил добар пример во многу работи, а особено во ревноста. Пред да стане познат, тој во неделите почнал да одржува часови со деца во една сала во бли­зина на градскиот пазар. Во текот на седмицата работел како тр­говски патник за чевли и чизми, но секогаш се враќал во градот во саботата навечер. Следното утро, станувал многу рано и ја под­готвувал салата за неделните поуки. Ќе исчистел, ќе ги средел сто­ловите и потоа ќе излезел на улица да ги повикува момчињата и девојчињата во училиштето. По два часот ќе ги распуштел де­ца­та и тргнувал да ги посетува децата кои биле отсутни тој ден, а при­тоа ја користел можноста да разговара и со нивните родители и соседи.

Многу христијани во минатото претставувале вредни при­ме­ри. Од нив можеме да ги примиме нивните квалитети и така да би­деме примери за другите. Не можеме сите да бидеме големи цр­­ковни водачи, но можеме да бидеме добри примери.

 

„Сакам за Исус да бидам јас

 еден сончев зрак!

Секој ден силно да блескам,

да бидам светло в мрак!“  (ХП–191)

 

„КАПКА ПРИМЕР ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД РЕКА СОВЕТИ“.