9 декември

Текст: 1 Коринт 12:14–20

 

КОРИСТИ ГИ СВОИТЕ ДАРБИ!

 

„Издигајќи се на височина... им даде дарови на луѓето“. Ефес. 4:8.

 

Христијаните понекогаш не ги користат своите дарби и спо­соб­ности во заедницата, бидејќи мислат дека нема многу да при­до­несат со тоа. Можеби, чувствуваат дека нивната дарба е многу ма­ла во споредба со способноста на другите верници. Или, мо­же­би, се чувствуваат неспособни поради некои неуспеси во мина­то­то. Или, пак, си мислат дека се спречени од околностите што не мо­жат да ги изменат. Но, Господ ја дал таа дарба и верникот мо­же да биде сигурен дека, ако има цврста волја да ја исползува, Гос­под ќе дејствува преку него да им донесе благодат на другите.

За време на Првата светска војна, еден млад и многу та­лен­ти­ран пијанист бил регрутиран и испратен на фронтот. Во жес­то­ки­те борби бил тешко ранет и десната рака му била ампутирана. Иако тоа било страшен удар за еден музичар, младиот човек се­пак решил да продолжи да се занимава со музика. По заздра­ву­ва­њето, одел од композитор до композитор и молел да напишат не­кое дело за свирење само со левата рака. Ниеден композитор не се нафатил, освен големиот француски композитор Морис Равел, поз­нат по своето „Болеро“. Тој одговорил на молбата на младиот умет­ник и го напишал прекрасниот „Концерт во D-дур за левата ра­ка“. Публиката со одушевување ја примила изведбата на оваа прек­расна музика во исполнение на едноракиот пијанист.

Без оглед на твоите ограничувања, Бог има замисла што  е нај­соодветна за тебе. Затоа, нека ти биде пример храбриот му­зи­чар и не дозволувај ограничувањата да те запрат. Измери ги реал­но своите способности и дарби и вклучи се во работа што Бог ја оп­ределил токму за тебе!

 

„Ќе Ти служам, од љубов, Боже,

Ти ми даде живот нов;

Јас бев ништо, пред да ме најдеш,

Ти ми даде живот нов!“ (ХП–200)

 

„ПОДГОТВИ СИ ГИ АЛАТКИТЕ,

А БОГ ЌЕ ТИ ДАДЕ РАБОТА!“