Текст: Јован 6:35–47
САКАМ ДА БИДАМ ТВОЈ ПАЦИЕНТ
„А на сите што го примија, на сите што веруваа во Неговото име, им даде можност да станат деца Божји“ Јован 1:12.
Многу луѓе кои одат в црква, или ја читаат Библијата, сепак, не знаат што значи да го имаат Исус Христос за свој личен Спасител. Неодамна слушнав еден разговор меѓу двајца пријатели. Едниот му објаснуваше на другиот дека се лекува кај нов лекар. На прашањето како го избрал токму тој, а не друг лекар, му одговори вака: „Кога се разболев тешко, итно бев пренесен в амбуланта. Таму ме прегледа непознат лекар. Но, бев восхитен од неговата грижа за мене. А кога почна да ми објаснува за мојата болест, видов дека не само што тој добро си ја познава струката, туку дека и мене добро ме познава: моето тело, моите слабости и болести. Затоа му реков: ‚Сакам да бидам твој пациент. Мојот живот го доверувам во вашите раце‘“.
Кога ја читаш Библијата или слушаш пораки во црквата, имаш можност да согледаш колку добро те познава Бог. Ги знае сите твои слабости, сите твои болки. А Неговата грижа кон тебе е видливо изразена. Таква љубов, такво познавање за твојата душа, не ќе најдеш надвор од Оној кој е твој Творец, Спасител и Бог. Само кажи Му дека сакаш да бидеш Негов пациент и Тој со задоволство ќе те прифати. Довери му го својот живот на Исус Христос; Неговите раце се најсигурни. Шепни Му од срце: „Боже, сакам да бидам Твој пациент!“
„Најверен Пријател твој е Исус,
само Тој, само Тој;
најдобар Лекар за твоите болки,
само Тој, само Тој“. (ХП–109)
„ИСУС Е ПОДАРОК ОД НЕБОТО;
ПОДАРОКОТ ЌЕ СТАНЕ ТВОЈ, САМО АКО ГО ПРИМИШ!