Текст: 2 Кор. 5:1–10
БОЛКА БЕЗ КАЗНА
„Зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд“.
2 Кор. 5:10.
Бидејќи Исус ја плати казната за сите наши гревови, ние нема да бидеме казнети на Христовиот суд. Но, за многу христијани тоа, сепак, ќе биде болно доживување. Да живееш незаинтересиран за редовно проучување на Библијата, да не бидеш редовен в црква, скржаво да даваш за духовните потреби, ретко да сведочиш и да живееш со неисповедани гревови, сигурно ќе те доведе во состојба да зажалиш во тој ден.
Замисли само како би се чувствувал кога јавно пред сите би се разоткриле сите твои мисли и планови? Од некои од нив сигурно би се срамел. Некои луѓе полесно се решаваат на самоубиство отколку да се соочат со некои свои (не)дела кои се разоткриени. Еднаш поради невнимание го изгребав мебелот во нашата дневна соба. Колку ми беше тешко да ì кажам на мојата сопруга кога се врати! Не дека се плашев од караницата или нешто слично, туку затоа што знаев колку многу го сакаше тој мебел и колку ова ќе ја нажали.
Застанувањето пред Христовиот Суд ќе биде болно искуство за многумина. Секој прикриен грев ќе се разоткрие; квалитетот на секое наше дело ќе се открие. Ако сме верни во Божјата служба, ќе примиме признание и пофалба. Ако не сме, ќе примиме прекор и ќе почувствуваме срам. Нема да треба никаква казна. Ќе биде тоа болка без казна.
Затоа уште денеска да го исправиме во нашиот живот сето тоа што не е право.
„Засрамен сум од животот свој,
Господе мој, доаѓам јас:
надежда моја е крстот Твој,
Исусе доаѓам“. (ХП–134)
„НОСИ ГО ВЕРНО СВОЈОТ КРСТ ОВДЕ –
ЌЕ ЈА НОСИШ ГОРДО СВОЈАТА КРУНА ТАМУ!“