Текст:
Исаија 53:7–12
ОТФРЛЕН
СПАСИТЕЛ!
„Дојде
при своите и
своите не Го
примија“ (Јован
1:11).
Господ
Исус беше
свет и
непорочен во
секој поглед.
Целиот свој
живот Го
проживеа
правејќи
добро. Па,
сепак, иако
беше без мана,
светот го
отфрли, го
обвини дека е
опседнат со
демони и на
крајот го
распна на
крст. Дури и
денес,
поголемиот
број луѓе Му
се ругаат без
трошка
почитување. Таквата
страшна
неблагодарност
е најсигурен
доказ за
човековата
расипаност.
Некој
христијанин
рибарел со
својот чамец.
Околу полноќ,
слушнал како
нешто тешко
плеснало во
водата. Знаејќи
дека рибарот
од соседниот
чамец цел ден
пиел алкохол,
без двоумење
скокнал во
водата,
допливал до
давеникот и
со големи
напори го качил
на чамецот.
Таму му дал
вештачко
дишење, го
завиткал во
ќебе, а потоа
се вратил
пливајќи до
својот чамец.
Утредента,
отишол да го
посетил
својот сосед,
за да провери
дали е сè во
ред. „Да не ти е
грижа!“ – му
рекол
рибарот.
Христијанинот
го потсетил
дека го
ризикувал
својот живот
за да го спаси.
Но, наместо
благодарност,
добил една
вреќа пцости!
Со солзи во
очите, христијанинот
си заминал.
Погледнувајќи
кон небото се
помолил: „Господи,
кога ќе си
спомнам како
се однесуваа
луѓето кон
Тебе, ме
опфаќа
длабока тага.
Сега
почнувам да
сфаќам како
се чувствуваше
Ти“.
Дали Му
го вртиш
грбот на
Божјиот Син,
Кој стори
толку многу
за да те спаси?
Ако Го
одбиеш, те
очекува
страшна судбина.
Што ќе сториш
ТИ со Господ
Исус Христос?
„Никој не
Го сакаше,
никој од нас.
Никој
не Го
примаше, ниту
час.
Беше
роден во
јасли, како
сираче:
Напуштен,
напуштен,
оставен сам“
(ХП–37).
„АКО СЕ
СВРТИШ ПРОТИВ
СПАСИТЕЛОТ,
ГО
ДОБРОСУВАШ
КРВНИКОТ!“