Текст:
Псалм 139:1–13
ПОГЛЕДНИ
И ГОРЕ!
„А
Јона стана да
бега... од
Господа“ Јона
1:3.
Колку
безумно
постапуваат
луѓето кога
се обидуваат
да се скријат
од Бог! Јона
слезе во
потпалубата
на бродот и
сакаше да се
скрие од Бог.
И денес многумина
живеат како
да е Бог глув
како камен,
или слеп како
лилјак. Но, во
Библијата се
вели: „Очите
Господови
гледаат по
целата земја“
(2 Дневник 16:9).
Давид пишува
во Псалм 139:
„Господе! Ти
знаеш кога
седнувам и
кога станувам...
кога одам и
кога се
одморам, Ти
си околу мене
и сите мои
патеки ги
гледаш. Уште
не дошол
зборот на
мојот јазик,
а Ти, Господе,
ете, сè знаеш“.
Зошто
се обидуваме
да скриеме
нешто пред
луѓето? Затоа
што би се
срамеле од
нив. И многу
луѓе мислат
дека се
чисти, само
затоа што
другите не
знаат за
нивните неправедни
постапки. НО
ИМА ЕДЕН кој
сè знае, сè гледа
и сè слуша. Ако
не сме свесни
за тоа,
правиме
голема
грешка; треба
секој ден да
го читаме
псалмот 139.
Татко и
син оделе на
нива и
поминале
покрај една
нива со бостан.
Таткото
влегол да
скине една
лубеница, а
на синот му
рекол: „Добро
гледај и
налево и
надесно да не
нè види некој“.
На тоа синот
му одговорил
со прашањето:
„А нагоре?
Треба ли да
гледам и
нагоре, да не
нè види некој
од горе?“
Да,
најважно е да
погледнеме
горе и да се
потсетиме
дека Божјото
око будно нè
набљудува во
секој миг. Како
се однесуваш
кога никој
од луѓето не
те гледа?
„Не си
осамен, не си
сам;
Бог
те следи
секој час,
Не
си осамен, не
си сам“. (ХП–112)
„ТВОЈОТ
КАРАКТЕР СЕ
ОТКРИВА КОГА
НИКОЈ НЕ ТЕ
ГЛЕДА“