Текст:
Псалм 1
ЗРНО
ИЛИ ПЛЕВА?
„Безбожниците
се како плева
која ветрот
ја разнесува“
Псалм 1:4.
Плевата
е само
остаток од
некогашниот
плод;
највредниот
дел, зрното,
веќе го нема.
Така е и со
човекот; и
самиот
некогаш добро
зрно, сега е
само плевел,
загубувајќи
ја сета
добрина.
Плевелот
лесно се
разнесува
ваму-таму и
при тивок
ветер. Такви
се и
безбожниците,
кои лесно ги
разнесуваат
искушенијата.
Во
старо време
гумната се
правеле на
височинки,
каде што постојано
дува ветер.
Кога житото
се врши со
стап и
истовремено
е изложено на
ветер,
плевата се
издвојува и
ветрот ја
разнесува, додека
зрното
останува на
гумното. Оваа
илустрација
го претставува
однесувањето
на верните и
неверните за време
на неволји и
искушенија.
Безбожната
душа, се
разнесува на
сите страни,
па дури и во
Божјото лице,
исполнета со
злоба и лутина.
Напротив, спасената
душа
останува,
како зрното,
потчинето на
својот господар,
готово за
употреба
штом
постапката
на пречистување
ќе заврши.
Крајот
на сето ова е
запишан во
Лука 3:17
„Тој ќе го
очисти гумното
Свое и ќе го
собере
житото во
житницата
Своја, а плевата
ќе ја изгори
со
неизгорлив
оган“.
Како
постапуваш
ти кога ти
надоаѓаат
страдањата и
искушенијата?
Дали како
плева или
како зрно?
Едно е
сигурно: Кога
ветровите ќе
задуваат,
веднаш ќе се
покаже дали
си плева или
жито!
„Низ
многу бури,
неволји јас
веќе
пребродив;
таа
милост ме
раководи
кон
нови победи“.
(ХП–180)
„ТВОЈАТА
ВИСТИНСКА
ВРЕДНОСТ СЕ
ОТКРИВА КОГА
СИ СРЕДЕ
НЕВОЛЈИ“.