23 јануари

Текст: 5 Мој. 32:1–10

                                                               

ЗЕНИЦАТА НА ОКОТО

 

„Чувај ме како зеницата на окото“ Псалм 17:8.

 

Ниедно од нашите пет сетила не е толку скапоцено како се­ти­­лото за вид. Слепилото е една од најголемите несреќи во жи­во­тот. Поради тоа, Творецот окото го заштитил многу вни­ма­тел­но. Очи­те се поставени во очни вдлабнатини, обиколени со тврди кос­ки. Покрај тоа, тие се заштитени и со очни капаци, кои це­лос­но ги покриваат очите во случај на опасност. На очните капаци има и трепки кои се наменети да ги спречат прашинките и рас­ки­те да влезат во окото. Окото, исто така, има и свој „систем за на­вод­нување“ или миење. Солзните жлезди лачат солена теч­ност ко­ја го одржува окото влажно и чисто во секој миг. А за да не ни те­че од очите, оваа течност низ специјални очни канали се пре­не­су­ва во носната празнина. Сето ова ни покажува колку е ска­по­це­но окото и колку внимателно Творецот го создал.

Во Библијата верните се споредуваат со зеницата на окото. Бог за своите чеда вели „кој чепка во вас, чепка во зеницата на мо­ето око“ (Захарија 2:8). Давид го моли Бог да го чува како зе­ни­ца на окото. И колку мал и да се чувствуваш, Бог бдее над тебе во секој миг. Тој е твојот чувар во секој миг. Велат дека кога јаг­ле­нокопачите ќе излезат од јамите целите се црни, освен две свет­ли точки на нив: очите, кои останале исто толку чисти како и пред влегувањето во јамата. Среде нечистотиите на овој свет, Бог мо­же да те одржува чист како зеницата во окото. „Оној кој го соз­дал увото, нема ли да чуе? Оној кој го создал окото, нема ли да ви­ди?“ (Пс. 94:9)

 

„Секој ден, Исус ме чува,                                              

на секој чекор мој;                                            

работам или си играм, Тој ме набљудува“ (ХП191).

 

„БОЖЈОТО ОКО ДЕНЕС БДЕЕ НАД ТЕБЕ!“