26 јануари

Текст: 1 Самоилова 3:110                                                         

 

СЛУШАЈ – БОГ ЗБОРУВА!

 

„Зборувај Господе, Твојот слуга слуша“ 1Сам. 3:9.

 

Кога првпат се вселив во мојата нова куќа, уште првото ут­ро бев пријатно разбуден од песната на едно славејче. Се разбира, се воодушевував на неговата прекрасна мелодија. Но, наскоро мои­те уши навикнаа на неговата песна. Потоа секое утро стану­вав сè позафатен со мисли и со работа, и веќе не го слушав гласот на славејчето. Тоа за мене стана незабележливо. Но, фактот што ве­ќе не ја слушав песната на славејот беше последица на моето невни­мание. Славејот и натаму, секое утро ја пееше својата убава песна.

Слична е состојбата со слушањето на Божјиот глас, преку него­вите пораки. Кога првпат ќе го слушнеме, се восхитуваме. И во секој стих на Библијата го препознаваме Неговиот Татковски глас. Но, со текот на времето како да свикнуваме на тој глас и ве­ќе не му посветуваме целосно внимание. Слушањето неделни по­ра­ки, пеењето духовни песни, читањето на Библијата ни станува не­каква навика. Како краен резултат, Божјиот глас веќе „не се слу­ша“. Што е уште полошо, ваквото невнимание кај нас може пос­тепено толку да нè обземе што дури и не забележуваме! Сè до­де­ка еден ден не ни се случи нешто што ќе нè освести и ќе сфа­ти­ме колку сме пропуштиле во животот!

Затоа, секој ден да си определиме време кога со целосно вни­мание ќе речеме како некогаш Божјиот слуга Самуил: „Збо­ру­вај Господе, Твојот слуга слуша!“ Бог веќе ти зборуваше и денес­ка, дали го слушна?

 

„Слушај тивок шепот душо,                                     

нежно зборува;

Твојот Спасител те вика,

милост ти нуди“. (ХП141)

 

„НЕ СМЕ СОЗДАДЕНИ СЛУЧАЈНО СО ЕДНА УСТА,

А СО ДВЕ УШИ!”