Текст:
2 Кор. 9:1–7
ОД СÈ
СРЦЕ
„Секој
да дава од сè
срце, а не со
жал или принуда;
оти Бог го
љуби оној што
од срце дава“
2Кор. 9:7.
Проповедникот
на една црква
решил да ги
провери
своите членови
во врска со
дарежливоста.
Така, дошол и
кај еден земјоделец
и го прашал:
„Кога би имал
две ниви,
дали би ја
дал едната за
потребите на
Божјата служба?“
– „Се разбира!
Само кога би
имал две,
едната би ја
дал“ – рекол
земјоделецот.
„А кога би имал
заштеда од 100
милиони
денари, дали
би ги подарил
половината
за црковните
потреби?“ – „Се
разбира! Само
кога би имал 100
милиони!“ – пак
решително
одговорил
селанецот. Проповедникот
продолжил: „А
кога би имал
две свињи,
дали би ја дал
едната?“ На
тоа прашање,
селанецот
малку се
замислил и
плашливо
рекол: „Ова не
е чесно; ти
знаеш дека
имам две
свињи!“
Иако
ова е само
пример, во
него има
важна лекција
за секој од
нас. Таа
покажува
дека лесно
може да се
вети тоа што
го немаш, но
тешко се дава
од тоа што го
имаш. Честопати
ја пееме песната:
„Сè му
предавам на
Исус, од срце,
доброволно... “,
а во практиката
тоа „сè“ се
сведува на
ништо. Или,
пак, даваме
од чувство
на
одговорност
пред другите.
Запомнете: ако
не е од сè срце,
Бог не го
смета за
дарежливост!
„Сè
Му предавам
на Исус
од срце
доброволно;
Нему
вечно ќе му
служам,
за Него
ќе живеам“
Сè
Ти предавам,
сè Ти
предавам
на
Тебе, мој
Спасител мил,
сè
Ти предавам.
(ХП–193)
„АКО НЕ
ИЗЛЕГУВА
ИСТОВРЕМЕНО
И ОД
ЏЕБОТ И ОД
СРЦЕТО – ТОА
НЕ Е
ДАРЕЖЛИВОСТ!“