31 јануари

Текст: Јаков 3:110

 

НЕКА СЕ ИСУШИ

 

„Не избрзувај со својата уста...“ Книг. Пропов. 5:2.

 

Колку опасен оган на омраза може да се распали со не­кон­тро­лирано изговорени зборови! Затоа, многу е важно да раз­мис­ли­ме што ќе кажеме. Самоконтролата може да спречи многу не­при­јатни ситуации.

Еден старец бил познат по својот мирољубив дух. Кај него ед­наш дошол еден млад човек да му се пожали на големата нав­ре­да што ја доживеал од еден човек. „Ќе барам да ми се извини!“ – рекол налутено. Но, старецот го посоветувал да пос­та­пи по­ина­ку. „Навредата е како кал“ – рекол. „Полесно се чисти откако ќе се исуши. Почекај и ти извесно време, нека се излади вжештената си­туација. Потоа полесно ќе ја средиш“ – го посоветувал ста­ре­цот. Постапувајќи според мудриот совет на старецот, младиот чо­век навистина полесно го решил проблемот.

Навистина, колку често јазикот долева масло во огнот кој ина­ку сам би згаснал! Мудриот Соломон вели (сигурно од ис­куство!): „Не избрзувај со својата уста...“. Јулиј Цезар се научил пред да одговори на некоја навреда, прво во себе да си ја каже це­ла­та азбука! Доволно време за да се смират нервите и да се од­го­во­ри посмирено.

Можеби и ти имаш „нерасчистени сметки“ со некого и би са­кал да му се изнавикаш. Но, зошто да избрзаш? Остави ја калта не­ка се исуши, полесно ќе ја исчистиш! И, патем речено, моли се за тој кој те навредил. Тоа ќе помогне калта побргу да се исуши.

 

„Гневни зборови да нема,

ниту глас со лутина;

Братска љубов да ве полни,                                        

од вас зло да очисти.“ (ХП123)

 


„ПОНЕКОГАШ Е МУДРО ДА СЕ МОЛЧИ:

МОЛЧЕЊЕТО ЗЛАТО ВРЕДИ“.