21 јули

Текст: Изреки Соломонови 28:12–20

 

НАЈГОЛЕМ ПРОПОВЕДНИК

 

„...а од слугите понатаму се бара секој од нив да се покаже верен“. 1 Кор. 4:2.

Еден проповедник ја завршил својата проповед со повик се­кој што е поттикнат, да излезе напред. Излегла една богата же­на и замолила да каже нешто: „Сакам да знаете   почнала да збо­ру­ва таа зошто вечерва излегов напред. Не е поради проповедта што ја слушнавме вечерва од проповедникот; туку поради све­дошт­вото на оваа жена што седи овде пред мене. Нејзините раце се испукани од работа, долгите години на напорна работа ја згр­ба­виле; таа е сиромашна жена, која со години работеше кај мене ка­ко перачка. Но, никогаш не сум ја видела да биде избувлива, да ка­же некој непристоен збор или да направи некое нечесно дело. Неј­зиниот живот го красат безброј мали нешта на несебична љу­бов. Но, ќе го кажам и ова, макар со срам дека јас отворено се ис­мевав на нејзината вера и верност кон Бог. Сепак, кога неодам­на умре мојата малечка ќерка, оваа жена ми помогна да гледам зад гробот и да ја пролеам мојата прва солза на надеж. Неодо­ли­ви­от магнетизам на нејзиниот живот ме доведе до Христос“.

Проповедникот ја повикал таа жена да излезе напред. Таа из­легла со солзи радосници во очите и со лице од кое блескала Не­бесната светлина. Пасторот рекол: „Браќа и сестри, да ви го прет­ста­вам најголемиот проповедник оваа вечер“. Многу од вас што ќе го читате ова, сте како оваа обична жена. Можеби не вр­шиш некоја „важна“ служба во црквата, но ако сведочиш за Гос­под онаму каде што си, еден ден ќе биде наградена твојата вер­ност. Колку прекрасно ќе биде кога Господ ќе ти рече: „Целиот твој живот беше една проповед; добар и верен слуго, влези во ра­доста на твојот Господ“.

 

„Свет да сум јас сакам, свет во секој час,

да го славам Исус вечно сакам јас.

Чист да сум во срце, чист во душата

верен да сум везден, верен секој ден! (ХП–190)

 

„ЖИВИОТ БОГ ВО ЖИВИОТ ХРИСТИЈАНИН

Е ЖИВА ПРОПОВЕД!“