24 јули

Текст: 1 Кор. 16:924

 

БРАТСКА ПОДДРШКА

 

„Ако пак, дојде Тимотеј, гледајте помеѓу вас да не биде во страв“. 1 Кор. 16:10.

 

Внимавајте да не биде изложен на понижување кога ќе дој­де да ве посети! Така порачува Апостол Павле за неговиот син во ве­рата – Тимотеј. Павле ја познавал добро Коринтската црква и за­тоа ги предупредува да не го унижат (1 Корин. 16:11). И по де­сет години, Тимотеј сè уште е „момче“ во очите на Павле; во 1 Тим. 4:12, вели: „Никој да не ја презира твојата младост“. Тој е млад и потребно му е храбрење, а не критики. Потребни му се мо­лит­ви, а не цензури. Дали вашиот пастор е млад, неискусен човек кој може лесно да згреши? Не презирај го, туку гледај да му по­мо­гнеш!

Ова се однесува и за новообратените. Колку сме ние склони да им се потсмеваме и да најдеме грешка во нивните сведоштва! Кол­ку од нив се обесхрабрени и збунети од нашето однесување кон нив, кога ја презираме нивната младост. Уште денес, обиди се да бидеш пољубезен кон новообратените христијани. Уште де­нес, кажи му на твојот проповедник дека се молиш за него и дека го цениш неговиот искрен и понизен труд. Кажи му што ти се до­па­ѓа кај него, а што не ти се допаѓа – кажи му го само на Господ! Не плашете го младиот Тимотеј!

 

„Кога во тивок кат имаш молитва:

спомни си за мене!

Имам потреба, знај, скоро секој час,

моли се за мене!“  (ХП90)

 

„ЈАЗИКОТ КОСКИ НЕМА, А КОСКИ КРШИ“.