Текст:
Изреки Солом.
3:1–6
ЗА БОГ
НЕМА
СЛУЧАЈНОСТИ
„...
и Тој ќе ги
управува
сите твои
патеки“. Изреки
Соломонови
3 : 6.
Ако се
свртиме назад
во своите
животи, ќе видиме
дека Бог навистина
ги управувал
нашите
патишта и сè
свртувал кон
добро.
Еден
брод
претрпел
бродолом и
еден од патниците
некако
успеал да се
спаси и
набргу брановите
го исфрлиле
на еден
ненаселен
остров.
Успеал да
спаси и нешто
од својот
багаж, па
набргу
направил
мала куќарка
на брегот.
Како
христијанин
сесрдно се
молел Бог
некако да го
избави од таа
незавидна
состојба.
Еден ден,
додека се
враќал од
потрага по
храна, видел
некаков чад
на брегот.
Наскоро
видел дека
неговата куќарка
гори. Сè што
успеал да
спаси од
бродот се
претворило в
пепел. Но, тоа
што тој го
сметал за
изгубено и
катастрофа,
Бог го свтрел
кон добро. За
неговиот
ограничен ум
таквото нешто
било
необјасниво,
но за Божјата
бесконечна
мудрост таа
привидна
голема несреќа
довела до тоа
за што
христијанинот
секој ден се
молел –
бидејќи
следниот ден,
еден брод се
закотвил во
близина на
островот! „Го
забележавме
сигналот со
чад што ни го
испрати“ – му
објасни
капетанот.
Бродоломникот
веднаш
сфатил дека
несреќата со
пожарот ја
допуштил
самиот Бог,
за да го
избави бродоломникот!
За Бог
нема
случајности!
Со очите на
верата препознај
го Неговото
мудро
водство и следи
го дури и во
најтешки
мигови и
искушенија.
Биди сигурен
дека Божјиот
пат е
најдобар пат,
иако
Неговото
водство во
моментот
изгледа
скриено за
твоите насолзени
очи!
„И
ако некогаш,
осамен сум,
биди
покрај мене,
придружи ме.
Па
и во неволји,
и болки
душевни
ПОБЛИЗУ
ДО ТЕБЕ, ДА
СУМ БОЖЕ! (ХП–105)
„МОЖЕБИ БОГ
ЌЕ ТЕ ВОДИ ПО
ЗАОБИКОЛЕН
ПАТ,
НО СИГУРНО
ЌЕ ТЕ ДОВЕДЕ
ДО ЦЕЛТА!“