Текст:
1 Кор. 13
СИЛАТА
НА ЉУБОВТА
„Христос
да се всели
во вас и да
бидете вкоренети
и утврдени во
љубовта“. Еф. 3:17, 18.
Љубовта
создадена
преку
Светиот Дух е
најмоќната
сила во
светот која
ја одразува
топлината на
Божјиот
карактер. Ако
сме вкоренети
и утврдени во
светата
почва на
љубовта, ќе
родиме
прекрасни
плодови (Гал. 5:22,
23). Така,
животот ќе
добие нова
смисла, а
луѓето околу
тебе ќе бидат
привлечени
од Оној, кој
умее да ги
исполни
нивните срца
со топлина и
љубов (Јован
13:35).
Понекогаш
во своите
напори се
обидуваме да
ги натераме
луѓето да го
прават тоа
што ние го
сакаме,
заборавајќи
дека треба да
бидеме под
влијание на
љубовта,
според
предупредувањата
во Библијата.
За да го
појасниме ова,
ќе ни послужи
една сказна
од Езоп, во
која ветерот
и сонцето се
спореле за
тоа кој е
посилен. На
крајот
сонцето
предложило:
„Погледни го
оној патник
долу, да
видиме кој од
нас ќе го
натера да го
соблече
палтото. Ти почни
прв“. Криејќи
го своето
лице зад
облакот,
ветерот
почнал силно
да дува, но,
колку посилно
дувал,
човекот сè
поцврсто го
стегал
палтото на
себе. По
долго дување
ветерот се
откажал.
Тогаш
сонцето
излегло од
зад облакот и
почнало да
пече толку
силно, што
патникот сам
да си го
соблече
палтото!
Некој
ова го
објаснил
вака:
„Честопати
нежноста и
љубезноста
доведуваат
до добри резултати,
а караниците
предизвикуваат
нервози и
неуспех“!
Дозволи
Му на Бог со
Својата
љубов да ги
раководи
твоите
напори за
спасување
души.
„Длабока
е оваа љубов,
вечна и
безгранична;
тече
како силна
река, извор е
непресушен!
Присутна
е околу нас
сега и во
овој час;
патот
кон небо го
води, живот
ни раководи!“
(ХП–124)
„НЕМА ПРЕЧКА
ШТО ЉУБОВТА
НЕ МОЖЕ ДА ЈА
СОВЛАДА“.