Текст:
Псалм 127
ПОДАРУВАЊЕ
ЉУБОВ
„Еве
го
наследството
на Бог:
децата се
подарок од
Него.“
Псалм
127:3.
Една
жена била
толку
обземена од
световните
задоволства,
што многу
малку време ì останувало
да го посвети
на својата
ќерка. Дури и кога
поради
болест
ќерката била
врзана за кревет,
ставот на
мајка ì
останал
неизменет. Си
мислела дека
со купувањето
подароци ќе
го надомести
своето
отсуствување.
И покрај болеста
на своето
дете, мајката
заминала на подолго
патување во
друга земја.
По извесно
време ì
пратила една
прекрасна и
ретка вазна
за спомен.
Жената која
ја
надгледувала
ќерката, ì
го предала
подарокот
велејќи дека
тоа е една
прекрасна
постапка на
мајка ì.
Девојчето не
сакало да го
прими
подарокот,
гласно
плачејќи, па,
како да е
мајка ì во
близина,
извикало: „О,
мајко! Те
молам, немој
повеќе да ми
праќаш
подароци.
Имам доволно
и вазни и цвеќе
и слики и
кукли... Сè што
сакам е ТИ да
бидеш покрај
мене! Те
сакам ТЕБЕ!“
Оваа
случка
потврдува
една многу
голема вистина:
децата не можат
да се купат!
Иако со
подароците
понекогаш
може да се изрази
големо
внимание и
љубов, децата
повеќе ги
претпочитаат
потрошеното
време и
љубовта на
родителите
во животот.
Подарувањето
љубов, заедно
со библиско
поучување и
грижата кон
своите деца,
е нешто што
децата
навистина
умеат да го
ценат.
„Пријатен
е секој дом,
љубов штом
има;
песната
е благослов,
љубов штом
има.
Поглед
мил и насмев
благ, нежно
се разлеваат,
среќа
таму царува,
љубов живее.“
(ХП–124)
„НАЈСКАПОЦЕНОТО
ШТО МОЖЕШ ДА
ГО
ПОТРОШИШ ЗА
СВОИТЕ ДЕЦА Е
– ТВОЕТО
ВРЕМЕ!“