14 јуни

Текст: 1Мој. 50:15–21

 

ПРОВЕРКА НА ПРОШТАВАЊЕТО

 

„Затоа не плашете се; Јас ќе се грижам за вас и за вашите деца“. 1Мој. 50:21.

Кога браќата го посетија Јосиф во Египет, барајќи храна од не­го, Јосиф се соочи со едно искушение. Многу години пред тоа, бра­ќата му се закануваа дека ќе го убијат, а подоцна го продадоа ка­ко роб. Но, Јосиф им прости. Дури и откако нивниот татко умре, тие се плашеа Јосиф да не им се одмазди, но тој ги увери дека це­лосно им проштава.

Вакво слично тестирање доживеал и еден млад студент, до­де­ка студирал теологија. За да може да се издржува, нашол ра­бо­та како возач на автобус во градот. Еден ден група разгневени мом­чиња се качиле во автобусот и одбиле да платат. Студентот за­бе­лежал еден полицаец во близината, па застанал и му кажал за ова. Полицаецот влегол, ги натерал момчињата да платат си зами­нал. Кога автобусот скршнал на следната улица, децата го зап­ре­ле автобусот, го ограбиле студентот и го изнатепале. Подоцна по­ли­цијата ги привела и било закажано судење. Момчињата биле прог­ласени за виновни. Тогаш младиот иден проповедник ја уви­дел нивната тешка состојба, па го замолил судијата нивната пре­су­да да премине на него, односно тој да ја издржи нивната казна. Су­дијата и сите присутни се зачудиле. „Тоа е затоа што јас им прош­тавам“ – им објаснил идниот проповедник. Неговото барање би­ло одбиено, но редовно ги посетувал момчињата во затворот и не­колку од нив се обратиле.

Дали и тебе некој ти нанел зло? Дали сè уште го чуваш гне­вот во тебе? Поучи се од овој млад студент по теологија!

 

„Ако јас некого сум навредил,

во себичност ,ако сум постапил:

О, Боже мој, Те молам овој час,

Ти прости ми!“(ХП–96)

 

„ЧОВЕКОТ Е НАЈСИЛЕН ТОГАШ, КОГА

Е ПОДГОТВЕН ДА МУ ПРОСТИ НА НЕПРИЈАТЕЛОТ!“