17 јуни

Текст: 1 Кор. 12:12–20

 

НАШТИМАНИ СО ИСУС

 

„А сега се пак многу органи, но, сепак, едно тело“. 1 Кор. 12:20.

 

Постојат мигови, кога членовите во една заедница имаат раз­лични мислења во врска со нешто. Но, несогласувањето ни­ко­гаш не треба да доведе до омраза и непријателство. Неединството не може да донесе слава на Бог. Христијаните треба да имаат при­јателско заедништво меѓу себе, а тоа е можно, само ако имаат ис­правен однос со Бог.

Еден познат Божји слуга во една своја книга вели: „Дали не­ко­гаш си помислил дека сто клавири кои се наштимани според ед­на виљушка, истовремено се наштимани и еден со друг? Тие се во совршена хармонија еден со друг, бидејќи не се штимани еден со друг, туку според еден друг стандард, музичката виљушка, и мо­ра секој од нив да дава ист звук! Така и сто христијани кои се соб­рани в црква, ако секој од нив гледа на Христос, со своите ср­ца ќе бидат во хармонија и еден со друг“.

Колку повеќе нашите мисли ги сосредоточуваме кон Хрис­тос, толку повеќе се приближуваме еден кон друг, а нашите раз­лич­ни мислења и несогласувања стануваат незабележителни. Апос­тол Јован пишува: „Тоа што го видовме и чувме, за тоа ве из­вес­туваме, па и вие да имате заедништво со нас; а нашето заед­ниш­тво е со Таткото и со Неговиот Син Исус Христос“. (1 Јова­но­ва 1:3).

За да бидеме во хармонија еден со друг, ние мораме најпр­вин да се наштимаме со Христос!

 

„О, посилна љубов,

о, посилна љубов,

Исус да ми е изворот

од Него да се поучам!“ (ХП-121)

 

„АКО СИ ВО ЛАЖЕН ОДНОС КОН СВОЈОТ БРАТ,

ЗНАЧИ дека не си во хармонија со бог!“