Текст:
Дела Ап. 13:42–52
БИДИ
СВЕТЛИНА!
„Зашто
Господ така
ни заповеда:
те поставив да
бидеш
светлина... до
крајот на
земјата“. Дела
Ап. 13:47.
Во
проповедта
на гората,
Исус на
своите следбеници
им рече: „Вие
сте светлина
на светов“
(Мат. 5:14). А потоа им
заповеда да
допуштаат
нивната светлина
да свети пред
луѓето и да
ги видат
добрите дела,
прославувајќи
го Бог (5:16). Така,
Бог ја воспостави
мисионерската
служба.
Еден
човек се
вратил дома
од друга
земја, по
неколку години,
да ги посети
родителите.
Наредниот
ден сите
заедно
отишле в црква.
Проповедникот
проповедал
за големата потреба
од одење во
други земји
за ширење на
Евангелието.
По
проповедта,
таткото му се
обратил на
синот: „Жал ми
е што мораше
да ја слушаш
проповедта.
Мислам дека
праќањето
мисионери е само
трошење време
и пари!“ Како
одговор,
синот му
кажал една
приказна:
„Пред неколку
години едно
момче отишло
во друга земја
во потрага по
среќата. Но,
се здружило
со лоши луѓе
и почнало да
пие. Една вечер,
момчето
лежело
пијано на
тротоарот кога
му се
приближил
еден мисионер,
кој го повел
во својата
куќа, го
измил, го нахранил
и му
посведочил
за Бог. Тоа
момче бев јас.
Денес се ужасувам
од помислата,
што ќе
станеше од
мене, ако не
ми помогнеше
мисионерот
таа ноќ!“
Дали
нашата љубов
кон Исус
Христос и кон
луѓето нè поттикнува
да ги
поддржуваме
мисионерите,
барем во
нашите мо-литви?
Исус ни
заповеда да
ја разнесеме
светлината
на Евангелието
во целиот
свет.
„Божји
деца, не се
изморувајте,
светлина
носете!
Да се
спаси секој
човек, стар и
млад;
светлина
носете!“ (ХП–1)
„АКО СИ ЈА
ПОЧУВСТВУВАЛ
ТЕМНИНАТА,
ЗНАЕШ КОЛКУ
ВРЕДИ
СВЕТЛИНАТА“.