30 јуни

Текст: 1 Сол. 4:13

 

СЕ ВРАЌАМ ВЕДНАШ

 

„...и упокоените во Христос, Бог ќе ги поведе со Него“ .

1 Сол. 4:14.

 

Дали неодамна си се соочил со загубата на некој твој мил? Да­ли твоето срце плаче по него, за повторно да го видиш? Смртта но­си жалост, но христијанинот секогаш може да најде утеха и во нај­големата жалост, особено ако тој по кого неговото срце тагува, ис­то така, е христијанин. Исус повторно ќе дојде со ветувањето де­ка ќе ги врати сите оние кои умреле со вера во Него. Каква сред­ба ќе биде тоа!

Еден лекар, кој и самиот бил Божјо дете и имал прекрасно све­доштво кај своите пациенти, ненадејно умрел и се преселил во сво­јот Дом. Неговата жена, која отсекогаш била плашлива по при­рода, многу тешко ја поднела таа загуба. Голема поткрепа и раз­бирање имала кај својот маж, па мислела дека без него не ќе мо­же да живее. Смртта на нејзиниот сопруг ì донела огромна праз­нина во животот. Бидејќи била христијанка, открила дека Бог ја охрабрува и ì го полни срцето со мир. За да ја изрази својата ве­ра во Бог, таа го извадила натписот од вратата на ординацијата на нејзиниот сопруг на кој пишувало: „Се враќам веднаш!“ и го за­качила на вратата во дневната соба. Нејзината жалост се преоб­ра­зила во утешна надеж дека Христос наскоро ќе дојде пак!

Да, Исус ќе дојде со облаците. Библијата нè учи: „Да се те­ши­ме еден со друг со овие зборови“ (1 Сол. 4:18).

 

„Чудна вест за сите нас

 се шири со весел глас;

доаѓа тој славен ден,

Исус ќе дојде по нас!“  (ХП218)

 

„ХРИСТИЈАНИТЕ ИМААТ ПРИЧИНА ЗА СВОЈАТА НАДЕЖ И НАДЕЖ ЗА СВОЈАТА ПРИЧИНА“.