Текст: 1 Сол. 1
ДЕЛАТА ЗБОРУВААТ
„... така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја“. 1 Сол. 1:7.
Најдоброто „проповедање“почесто се изразува преку делата отколку преку зборовите. Ако вршиме правда, и без да зборуваме ќе направиме поголем впечаток на луѓето, отколку кога би им зборувале што треба да прават. Навистина, подобро е сосема да престанеме да „проповедаме“, ако самите не „извршуваме“!
Многу родители, кога ги поучуваат своите деца, грешат токму вотоа. Таткото и мајката зборуваат за Бог, го објаснуваат спасението преку Исус и очекуваат добри дела од децата, но сè завршува само на зборови, бидејќи самите родители не го вршат тоа што го очекуваат од своите деца. Но, во други христијански домови, родителите добро внимаваат нивниот живот да го поткрепува нивното поучување. Примерниот живот на родителите е јасен и доследен патоказ за децата. Сепак, не смееме да ја негираме ни важноста на усната поука, заедно со добриот пример од животот.
Иако често си мислиме дека само проповедниците имаат обврска да „проповедаат“ од говорницата, факт е дека сите ние секојдневно „проповедаме“. Нашето однесување дома, нашите постапки на работното место, нашата реакција во тешкотиите или во искушенијата – сето тоа за нашите деца, роднини и пријатели е „проповедање“. Некој рекол: „Твоите дела зборуваат толку гласно што не се слуша што зборуваш со устата!“
Многу е важно сите наши дела да се во сообразност со откриената Божја волја! Запомни, без оглед на тоа дали тоа ќе го признаеш, нашите дела зборуваат!
“Сè за Исус, сè за Исус, сета снага, сиот ум;
сите зборови и мисли, секој ден и секој час...
Рацете ми нека вршат само дела праведни,
Нозете ми нека одат само по пат небесен“. (ХП–192)
„ХРИСТИЈАНИНОТ ТРЕБА ДА БИДЕ
’ПОДВИЖНА’ ПРОПОВЕД“.