Текст: Матеј 10:32–39
ОБЛЕЧИ ЈА НЕГОВАТА УНИФОРМА!
„Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе и нека го земе крстот свој и нека врви по мене“. Марко 8:34.
Постојат многу „тајни христијани“, кои велат за себе дека се новородени преку вера во Исус Христос, а не го измениле својот начин на живеење, ниту се поистоветуваат со другите христијани. Зборовите на апостол Павле во 2 Кор. 13:5 се вистинско предупредување, „Испитајте се самите себеси, дали сте во верата?“
На едно место во своите дела, големиот проповедник Сперџен укажува на опасноста од криењето на Христовото Сведоштво, велејќи: „Што би рекла кралицата за своите војници, ако тие се колнат дека ì се верни, па, сепак, велат: „Ваше величество, ние повеќе би сакале да не ги носиме овие униформи. Дозволете да носиме цивилна облека“. Сперџен потоа коментира: „За жал, некои го прават истото со Христос. Сакате да бидете тајни христијани зар не, и да се вовлекувате и во ѓаволскиот логор и во Христовиот логор, непрепознаени од никого? Во ред, можете да се обидете, ако сакате, но јас не би ризикувал такво нешто. Тоа е многу сериозна работа!“ – „Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели“. (Марко 8:38).
Дали си христијанин само в црква, а не и дома и на работа? Дали се срамиш твоите пријатели да дознаат дека веруваш во Господ? Застани цврсто на Христовата страна! Зборувај за Него! Облечи ја Неговата униформа!
„Стој цврсто ти за Исус во војска Христова,
под Небесното знаме врви со чекор смел.
Кон победа нè води, Тој пред нас сега оди
со злото да се бори и да го победи“. (ХП–283)
„ВИСТИНСКИОТ ХРИСТИЈАНИН НИТУ ГО СРАМОТИ НИТУ СЕ СРАМИ ОД ЕВАНГЕЛИЕТО!“