Текст: Псалм 4:1–5
ПРЕД ЗАЈДИСОНЦЕ!
„Сонцето да не зајде во вашиот гнев“. Еф. 4:26.
Во една приказна се зборува за едно мало дете, кое едно утро се степало со своето поголемо братче. Бидејќи било помало, добило повеќе ќотек од братчето и тоа многу го огорчило и разгневило. Од лутина не му зборувало на братот цел ден. Се стемнило, и пред да отидат на спиење, мајката му рекла на помалото дете: „Не мислиш ли дека треба да му простиш на братчето пред да си легнеш? Знаеш што се вели во Библијата: „Сонцето да не те зајде во гневот“. Детето некако се почувствувало многу непријатно, бидејќи во прашање била и неговата гордост. Малку се помислило, и, сакајќи да се извлече од таа ситуација прашало: „А како можам да го запрам сонцето да не зајде?“ Всушност, неговото прашање ни кажува дека тоа воопшто немало намера да се откаже од лутината. Тоа ни покажува какви се некои христијани. Тие се лутат на некои луѓе и ја задржуваат лутината во себе. Кога ќе се соочат со таквиот свој однос и ќе бидат принудени да си ја исправат грешката, како и детето, не сакаат да го послушаат сове-тот од Светото Писмо. Ние не можеме да измениме нечие срце, но остануваме одговорни за своите постапки. Во Библијата се вели: „Бидете љубезни еден кон друг, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви простил во Исус Христос“. (Еф. 4:32).
Не можеме да го запреме сонцето да не зајде. Тоа значи дека треба да простуваме.
„Ако јас некого сум навредил,
во себичност ако сум постапил:
о, Боже мој, те молам овој час,
Ти прости ми!“ (ХП–96)
„ЗА СЕКОЈА МИНУТА ОД ТВОЈАТА ЛУТИНА,
ГУБИШ 60 СЕКУНДИ ВЕДРИНА!“