8 март

Текст: 1 Петр. 3:7–12

 

ПОРАКА ЗА МАЖИТЕ

 

„Така и вие мажите, живејте со своите жени разумно, и почитувајте ги како послабо суштество“. 1Петр. 3:7.

 

Дали си оженет? Прочитај го ова внимателно. Ако не си оже­нет, треба да го прочиташ ова пред да се ожениш. Да бидеш соп­руг е голема одговорност, зашто бројот на сопрузите што по­ка­жуваат вистинско разбирање кон своите жени е незначителен. Пе­тар порачува дека, ако сакаш како сопруг да бидеш среќен, тре­ба да живееш разумно со својата жена. Нејзините потреби и жел­би треба да ги ставиш пред своите. Потоа, Петар продолжува почитувај ја својата жена. Овој збор „почитување“ во себе содр­жи многу елементи. Тоа значи да ја цениш својата жена, таа да има вредност во твоите очи. Дали некогаш си ì кажал на својата же­на, колку ти е потребна? Или создаваш атмосфера таа да се чувс­твува потчинета?! Дали се сеќаваш на годишнината на бра­кот? Дали некогаш си и кажал колку е убава? Или, кога последен пат си ì кажал: „Те љубам повеќе од кога било!“ Дали си ја по­фа­лил за некое јадење? Ќе речеш: па овие се ситни работи. Ах, не, ова се големи работи за твојот брак.

Најдобар пример за тоа е Исус. Во Ефесјаните 5:25, Павле ве­ли: „Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја за­са­ка црквата и се предаде себеси за неа“. ТОЈ СЕ ПРЕДАДЕ СЕБЕ­СИ ЗА НЕА! Што ì даваш ти на твојата жена? Верната сопруга и мајка ја заслужува пред се ЉУБОВТА НА СВОЈОТ СОПРУГ. Ме­дениот месец никогаш не завршува во бракот склучен од љубов.

 

„Љубов бескрајна,

со бедни денови е неизмерлива,

и сега знам, таа љубов не ќе исчезне

ни оној ден штом ѕвездите ќе изгорат: Таа вечна е!“ (ХП–117)

 

„ЉУБОВТА НЕ ГО БАРА СВОЕТО, ТУКУ ГИ СТАВА ИНТЕРЕСИТЕ НА СВОЈОТ БЛИЖЕН ПРЕД СВОИТЕ“.