Текст:
Лука 18:1–8
МОЛИ
СЕ – ИЛИ
ПАДНИ!
„Им
кажа и
приказна за
тоа како
треба постојано
да се молат и
да не паѓаат
со духот“.
Лука 18:1.
Во
тој текст,
Исус ги
поттикнува
своите следбеници
на постојана
молитва. Во
некои
преводи „да
не паѓаат со
духот“ е преведено
„да не се
онесвестат“.
Верните не
смеат никогаш
да ја загубат
присебноста,
туку
трезвено да
се молат во
секоја
(не)пригода.
Но, за да бара
човек помош
од Бога, мора
да признае дека
е слаб и
немоќен сам
да го
раководи
својот живот.
Нашиот најголем
проблем со
молитвата е
токму тоа:
премногу сме
самоуверени
и не
чувствуваме
потреба од
Божја помош,
сè додека водата
не ни дојде
до гуша!
Читав
за едно
шестгодишно
дете кое
играјќи
топка со своите
другарчиња,
секогаш
доаѓало во
судир со едно
од нив. Другарчето
постојано го
сопнувало, а
тоа, пак, му
возвраќало
со иста мера.
Кога еднаш
мајката, која
била
христијанка,
го
посоветувала
детето да не
возвраќа со
удирање, туку
да се обиде
да се моли во
тој час Бог
да го контролира,
детето со
нескриена
искреност одговорило:
„Но јас не
сакам да се
молам, сакам
да го удрам!“
Колку сликовито!
Не му треба
помош,
чувствува
дека сам умее
да се раководи.
И
со
возрасните е
исто: не се
молат,
бидејќи, всушност,
не сакаат
Божја
интервенција;
уверени се во
сопствената
мок и мудрост.
Затоа
честопати и
паѓаат.
Лекцијата е:
моли се – или
падни!
„Јас
сум слаб, но
Ти си јак,
штити
ме од секој
враг,
Сигурен
сум со Тебе,
штом си
Ти, Боже мој,
крај мене!“
(ХП–195)
„КОГА
СИ НА КОЛЕНА,
НЕ МОЖЕШ ДА
СЕ СОПНЕШ!“