20 март

Текст: Псалм 23

 

СИГУРЕН ВОДИТЕЛ

 

„Зашто овој наш Бог е вечен и Тој ќе биде наш Водител засекогаш“. Псалм 48:14.

 

Бог, како Добар Пастир ни ветил дека ќе нè води по целиот наш пат до небото и своите животи треба да ги потчиниме под Не­говата волја. Колку е благословено да знаеш дека твојот Спа­си­тел оди пред тебе во секој миг од твојот живот.

Еве како еден поет го опишал Господ како водач: „Пог­лед­нав кон планината и реков: Висока е Господе, не ќе можам да се ис­качам! Фати се за мојата рака – ми шепна – Јас ќе ти дадам си­ла. Го погледнав патот и реков: Долг е Господе! 3еми од мо­ја­та љубов, Јас ќе ги водам твоите стапки. Погледнав кон небото и ре­ков: Сонцето заоѓа; почнува да се стемнува!Земи светлина од Мо­јот Збор и нема да има темнина. Се качувавме по планината, па­тот беше тесен, но светол. По долгото качување се изморив и ре­ков: Господе не можам повеќе! Ноќта помина, дете мое, пог­лед­ни... Погледнав, а тоа зората се заруменила. Сега можам сам да одам – реков. Тогаш ги видов раните на Неговите раце и нозе. Из­викав: Господе, повреден си! Раните ти крвават, за мене ли? Да, одговори Тој; но тоа го сторив со задоволство. Паднав пред Не­говите нозе. Води ме, плачев; патот веќе не е долг, планината по­веќе не е висока и долините веќе не се длабоки кога си Ти со ме­не. И така, одевме заедно и ќе продолжиме засекогаш“.

Дали и ти си ја почувствувал нежноста и сигурноста на Не­го­вото водство?

 

„Тој ме води, јас го следам,

Тој ме води, јас го следам,

Тој ме води, јас го следам

и ќе одам вечно со Него!“ (ХП–300)

 

„ЖИВОТОТ СО ИСУС Е БЕСКРАЈНА НАДЕЖ;

ЖИВОТОТ БЕЗ ИСУС Е БЕЗНАДЕЖЕН КРАЈ!“