23 март

Текст: Рим. 5:1–5

 

НАГРАДА ЗА ТРПЕНИЕТО

 

„... туку се фалиме и со маките, знаејќи дека од маката се раѓа трпението“. Рим. 5:3.

 

Еден млад христијанин замолил еден постар член од својата црк­ва да се моли за него велејќи му: „Ќе сакаш ли да се молиш за ме­не, за да имам повеќе трпение?“ Старецот се согласил, клек­на­ле заедно и почнал да се моли: „Боже, Те молам испрати му на бра­тов неволји наутро, маки напладне и пак неволји... “ На тоа мом­чето веднаш реагирало: „Не, не! Не те замолив да се молиш за неволји и маки, туку за трпение“. Старецот смирено му одго­во­рил: „Брате, само преку неволји и маки ќе стекнеш трпение“.

Објаснувајќи го Рим. 5:3, еден проповедник рекол: „Зборот трпе­ние може да значи упорност, способност да се опстане и под теш­ки околности, без попуштање“.

Кога апостолот Павле им пишувал на верните во Рим дека не­вол­јите раѓаат трпение, тој им пишувал од лично искуство. Тој са­ми­от претрпел тепања, камшикувања, каменувања, бро­до­ло­ми... Бил прогонуван од безбожници, но и од Евреи. Сепак, ос­та­нал постојан во верата и не се стеснувал од одговорноста да го про­поведа Евангелието.

Дали и ти се соочуваш со тешкотии? Тогаш прослави го Бог! Под Негова контрола, сè што ќе ти се случи радост или бол­ка однапред е смислено за да го зацврсти твојот хрис­ти­јан-ски карактер. Верувајќи во тоа, христијаните низ сите векови до­би­вале награди од Бог за своето страдање и тоа токму преку не­волјите.

 

„Кога во тивок кат имаш молитва,

спомни си за мене!

Имам потреба, знај, скоро секој час,

моли се за мене!“ (ХП–90)

 

„КОЈ ГО ГУБИ ТРПЕНИЕТО – СИГУРНО ГУБИ!“