26 март

Текст: Псалм 119:1–16

 

СЛЕДИ ГО УПАТСТВОТО!

 

„Нема да се засрамам, ако ги држам Твоите заповеди“. Псалм 119:6.

 

Дали знаеш дека половината книги од Библијата може да се про­читаат за помалку од 45 минути секоја, а некои дури и за по­мал­ку од 20 минути! Целата Библија (66 книги) може да се про­чи­та за 71 час. Прочитав за една жена која Библијата ја прочитала ни помалку ни повеќе 143 пати! На возраст од 85 години таа сè уш­те можела да ја прочита 4 пати во годината. Имајќи го на ум овој пример, размисли малку за прашањето: „Колку време ми­ну­ваш во читање на Светото Писмо?“

Една жена, која купила машина за шиење, се вратила во про­дав­ницата да се пожали дека машината не ì работи. „Дали го прочитавте упатството за работа?“ ја запрашал продавачот. Зас­рамена, жената одмавнала со главата и ветила дека ќе ѕирне во упатството, штом се врати дома. По извесно време, продавачот ја срет­нал жената и ја прашал како работи машината. „Одлично!“ од­го­ворила жената. „Наместо да се мачам сама да откријам како ра­боти, почнав да го читам упатството и можам да кажам дека ра­бо­ти беспрекорно!“

Многу христијани имаат проблеми во животот како и оваа же­на со машината за шиење, бидејќи не го читаат Упатството! Вер­ното Божјо дете, ако сака да му угоди на својот Бог, ќе ѕирне во Неговото Писмо, ќе го проучува, ќе медитира врз прочитаното и на крајот ќе ги послуша советите. Следејќи ги инструкциите во Биб­лијата, ќе се избегнат многу проблеми. Затоа, читај го Упатството и ќе се увериш!

 

„Запеј ми ги зборовите, зборовите на живот,

колку ми се милозвучни, чудесни зборови!

Вера тие носат, животен пат водат:

прекрасни се, чудесни се зборовите на живот!“ (ХП–268)

 

„МНОГУ КНИГИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАША ИНФОРМАЦИЈА;

БИБЛИЈАТА Е ДАДЕНА ЗА НАША ТРАНСФОРМАЦИЈА!“