Текст:
Рим. 12:1–8
ПОСВЕТИ
ГО СВОЈОТ ДАР
„Имајќи
различни
дарови,
според
дадената благодат,
секој да се
вежба во нив... “
Рим. 12:6.
Секој
христијанин
има дарби што
може да ги исползува
за Господ. Но,
за да му
послужат на
Христос
нашите способности
треба да се
придружени
со желба да
ги развиваме
и со посветување.
Бертолдо
де Џовани е
непознато
име дури и за
најревносните
љубители на
уметноста.
Тој бил
ученик на Донатело,
најголемиот
скулптор во
негово време
и учител на
Микеланџело,
најголемиот
скулптор на
сите времиња.
Микеланџело
бил 14-годишно
момче кога
дошол да учи
кај Бертолдо,
но неговата
исклучителна
дарба веќе
била
очигледна.
Бертолдо бил
мудар човек,
бидејќи ја
сфатил
опасноста во
која
надарените
луѓе често
запаѓаат, искушувани
да
заостануваат
во своето
напредување
и да не ја развиваат
својата
дарба. Еден
ден,
влегувајќи
во своето
ателје, тој
го нашол
младиот
Микеланџело
како си игра
со една
скулптура
далеку под
неговите
можности.
Бертолдо
грабнал еден
чекан и ја искршил
скулптурата
на парчиња,
викајќи му на
својот
ученик: „Микеланџело,
талентот е
евтин, но
посветувањето
е скапоцено!“
Ако
ги развиваме
дарбите што
Господ ни ги
дал, тоа ќе нè
чини многу.
Но, ако ги
занемариме и
злоупотребиме,
тоа на крајот
ќе нè чини
уште повеќе.
Дали си ги
открил во
себе Божјите
посебни
дарби за
тебе? Посвети
ги за Него!
Тоа е првиот
чекор да ги
исползуваш за
Негова слава.
„Сè
за Исус, сè за
Исус,
сета
снага, сиот
ум;
сите
зборови и
мисли,
секој
ден и секој
час“. (ХП–192)
„ТВОЈОТ
ЖИВОТ Е БОЖЈИ
ДАР ЗА ТЕБЕ;
ШТО
ЌЕ СТОРИШ СО
НЕГО Е ТВОЈОТ
ДАР ЗА БОГ!“