Текст: 1 Кор. 3:1–15
ИЗГОРЕНИ
ГОДИНИ!
„А
чие дело изгори,
тој ќе
биде оштетен,
а самиот ќе
се спаси.“
1
Кор. 3:15.
Еден
29-годишен маж
лежел болен
на умирање. Како
момче поверувал
во Христос,
но подоцна
бил завлечен
од примамливоста
на светот и
го заборавил
својот
Господ. Кога
неговиот
пастор дошол
да го посети,
болниот
останал со
тврдо срце
кон Божјиот
Збор. Но, таа
ноќ доживеал
духовна
преродба што
го смекнала
неговото
срце. Во
својот сон
тој се нашол
на една
изложба на
резби,
уметност во
која и самиот
бил експерт.
Многу од
неговите ремек-дела
биле
изложени
заедно со
делата на
други уметници.
Одеднаш во
зградата
избувнал
пожар. Во
својот сон,
тој успеал да
се спаси, но
сите негови
дела биле
неповратно
уништени.
Кога
се разбудил,
ја сфатил
аналогијата
на сонот со
неговиот
реален живот.
Знаел дека,
штом се
доверил
Христос да го
спаси – ќе оди на
небото, но
живеејќи го
својот живот
само за себе,
изгубил
многу години.
Неговите
дела биле како
дрво, сено и
слама. Како
резултат на
тоа
размислување,
тој се
покајал и се
вратил кај
својот
Господ. Подоцна,
кога
неговиот
пастор
повторно го
посетил, тој
му рекол: „Ти
благодарам
за твојата посета,
но, те молам,
нека биде
кратка.
Наскоро ќе
преминам во
вечноста да
бидам со
Исус, а за
Него знам
многу малку.
Сакам ова
малку време
што ми
преостанува,
да го поминам
сега со Него“.
Многу
Божји деца ќе
заминат во
Христовото присуство
по заслуга
на Неговата
скапоцена
крв, но зад
себе ќе
остават изгубени
години. Да го
одбегнеме
тоа,
предавајќи Му
се целосно од
овој миг.
„Зарем
јас со празни
раце,
на небо ќе
заминам?
Каква
служба, каков
трофеј,
пред Него ќе
донесам?“ (ХП–269)
„НЕ
ЗАДОВОЛУВАЈ
СЕ СО СПАСЕНА
ДУША,
А
СО УНИШТЕН
ЖИВОТ!“