8 ноември     

Текст: 2 Мој. 5:19-23; 6:1–9

 

НЕСФАТЕН!

 

„(Мојсеј) мислеше дека неговите браќа ќе разберат... но тие не разбраа“. Дела Апостолски 7:25.

 

Иако Мојсеј се откажа од богатствата и славата на Египет, за да го изведе својот народ од ропството, тие тоа воопшто не го це­неа. Во безброј случаи читаме како Израелците неправедно мр­мо­реа против него, се сомневаа во неговите мотиви и дела. Овој кро­ток водач, целосно се покоруваше на Божјата волја и стори сè што можеше за доброто на својот народ; па сепак, тие го кри­ти­ку­ваа и го потценуваа. За жал, многу Божји слуги и денес страдаат на истиот начин.

Сперџен и неговата сопруга биле наречени скржавци затоа што сите јајца од нивните кокошки ги продавале за пари. Се слу­чу­вало дури и некој од блиските роднини да им побара неколку јај­ца, но тие секогаш одговарале: „Ќе добиеш, ако ги платиш!“ Лу­ѓето ги озборувале Сперџенови дека се скржави и алчни, би­деј­ќи секогаш сакале да имаат добивка од маслото, млекото и јај­ца­та. Тие, пак, критиките ги примале кротко. Вистината била от­кри­ена дури по нивната смрт. Нивните домашни сметки покажале де­ка сиот профит го користеле да им помагаат на две сиромашни вдо­вици, чии мажи сиот свој живот го поминале во службата на Гос­под. Бидејќи Сперџенови не сакале нивната десна рака да знае што прави левата (Матеј 6:3), не сакале ни да се бранат од оз­бо­ру­вањата.

Дали, можеби, и ти си лажно обвинет, иако имаш чисти мо­ти­ви и верен си во службата? Не дозволувај тоа да те разочара. Бог ги знае мотивите на твоето срце. Вистината ќе победи!

 

„Ако другари те презрат,

Исус не те остава!

Да доаѓаме со верба

пред Него во молитва.“  (ХП–93)

 

„АКО НЕ СИ ДОВОЛНО ГОЛЕМ

ДА ПОДНЕСЕШ КРИТИКУВАЊЕ,

ТОГАШ СИ ПРЕМНОГУ МАЛ ЗА ДА БИДЕШ ПОФАЛЕН!“