Текст:
Еремија 32:16–27
МУВАТА
И БОЖЈИОТ
СУВЕРЕНИТЕТ!
„Ете,
Јас сум
Господ Бог на
секое
суштество; има
ли нешто
тешко за
Мене?“
Езекиел 32:27.
Човекот
не може да ја
расипе
Божјата
суверена
намера. Безбожните
народи се
обидуваа да
го уништат
Израел,
народот преку
кој требаше
да дојде
Откупителот,
но Господ
интервенираше
за да го
заштити
Својот народ.
Понекогаш,
Тој го
правеше тоа
со драматична
објава на
Својата сила,
како разделување
на Црвеното
Море, или
отворањето
на земјата,
која ги
проголта
израелските
непријатели
(5 Мој. 11:2–6). Другпат,
Тој употреби
мали природни
нешта, како
трубите во
Исус Навин 24:12. И
во двата
случаја, Неговата
волја беше
извршена.
Џон
Весли
одржувал
евангелизација
во еден мал
град. На состанокот
дошол и еден
безбожен
човек, кој
многу ја
сакал музиката.
Дошол со
намера да го
слуша само
„доброто
пеење“, а кога
Весли ќе
почне да
проповеда,
планирал да престане
да слуша. Човекот
си седел
мирно сè
додека
траело пеењето.
Штом Весли
почнал да
проповеда,
тој со рацете
си ги затнал
ушите.
Одеднаш, една
мува му
слетала на
носот. Тој се
обидел да ја
избрка, но
без успех.
Мувата
почнала
толку да го
лути, што морал
да си ја
тргне едната
рака од увото
за да ја
избрка
мувата. Токму
во тој миг
Весли ги
цитирал
Исусовите
зборови: „Кој
има уши нека
слуша!“ Зачуден,
неверникот
продолжил да
слуша и тој
ден, преку
пораката на
Евангелието
се обратил.
Бог
употребил
една мува да
обрати еден
закоравен,
бунтовен
грешник.
Пријателе,
дали имаш
некој ближен,
кој има тврдо
срце кон гласот
на Светиот
Дух? Или, пак,
некоја
околност,
која
наизглед ја
расипува
Божјата
волја? Не
очајувај!
Продолжи да
се молиш со
доверба.
Ништо не е
претешко за
суверениот
Бог!
„Бог на
милост, Бог
на слава
имаме
на небото;
Господар
над сите
сили,
Творец
на
вселената!“
(ХП–5)
„ПРАВИ
СÈ ВО
ОПРЕДЕЛЕНИОТ
РОК,
ДРУГОТО
ПРЕПУШТИ МУ
ГО НА БОГ!“