Текст:
Лука 10:38–42
КАКО ГО
ПОДНЕСУВАМЕ
ЛУТЕЊЕТО?
„Марта
пак, се беше
зафатила со
служењето, и дојде
до Него и
рече:
Господи,
зарем не ти е
грижа... “ Лука 10:40.
Лутината
е подмолно
чувство што
ја нарушува
силата на
христијанинот.
Уште полошо,
таа може да
се развие во
негативни
чувства,
како што се
гнев, немир и
депресија.
Лутењето
обично почнува
со мали
нешта, но,
како што
минува
времето, тоа
се засилува.
Честопати
лутењето
извира од
чувството
дека другите
се рамнодушни
кон нас, или
дека другите
не ни посветуваат
доволно
внимание.
Неколку
психолози и
лекари ги
дале следните
дефиниции:
„Лутењето
често се
појавува
кога сметаме
дека не ни се
дава тоа што
мислиме дека
ни припаѓа.
Чувствуваме
дека сме
измамени или
оштетени .“
Друг лекар за
лутењето
рекол:
„Лутењето е
готовност
за гнев кој
допрва треба
да се
пројави. А
најлошото во
сето тоа е
што секој од
нас се стреми
да обвини
некој друг за
лутината
што ја
чувствуваме“.
Марта,
можеби, била
лута затоа
што чувствувала
дека Марија
ја
искористува.
Но, Марта
добро го
решава
проблемот.
Најпрво се
обраќа до
Спасителот и
отворено ги
изразува
своите чувства.
(Проблеми што
ги занемаруваме
односно
прикриваме,
не исчезнуваат
сами од себе!)
Потоа таа
слушна внимателно
како Господ
ги става
работите на
своето место.
Постапката
на Марта кон
чувството на
лутина, треба
да ни биде
пример и нам,
како да постапуваме
кон нашата
лутина.
„Гневни
зборови да
нема,
ниту
глас со
лутина;
братска
љубов да ве
полни,
од вас
зло да
очисти“.
(ХП–123)
„КОЈ ГО
ГУБИ
ТРПЕНИЕТО,
СИГУРНО
ГУБИ!“