1 септември

Текст: Матеј 25:3140

 

КОЈ Е КОЈ?

 

„... доколку сте го направиле тоа на еден од моите најмали браќа, Мене сте ми го направиле“. Матеј 25:40.

 

Овој текст ни сугерира една голема вистина, дека, ако не­ма­ме место во нашите срца за едно обично Божјо дете, тогаш не­ма­ме ни за самиот Господ.

Еден случај од животот на поранешниот претседател на САД, Томас Џеферсон, ја потврдува оваа вистина. При крајот на 18 век сопственикот на најголемиот хотел во еден град одбил да при­ми на ноќевање еден фармер, бидејќи бил „непрописно“ обле­чен. Фармерот видел не видел, си заминал. Доцна вечерта хоте­лие­рот дознал дека фармерот не бил никој друг туку лично Прет­се­дателот! Веднаш пратил порака со извинување, молејќи го да дој­де да биде негов гостин. Џеферсон преку својот гласник од­го­во­рил: „Кажи му дека веќе најдов соба и дека ги ценам неговите доб­ри намери, но, ако нема место за еден валкан селанец, тогаш не­ма ни за Претседателот на Америка!“

Слично на ова, и ние честопати го ставаме Господ Исус на­стра­на со тоа што не ги цениме потребите на искрените хрис­ти­ја­ни. Забораваме дека Исус може да биде во некое дете на кое му тре­ба внимание, или во некој обичен работник на кој му треба приз­нание. Може да биде и во некоја осамена бабичка, затворена во дом за стари, а може да е и во твојот сосед кој чека да му прис­та­пиш. Ако подариме љубов и внимание на „овие најмалите“, исто е како тоа да сме го направиле на нашиот Господ.

„Барај загубени, секому сведочи,

тажните теши ги, секаде помогни;

биди светлина в мрак и во секој јад

в љубов ти покажи, што е христијанин!“  (ХП186)

 

„ЖИВЕЈ ЗА ТВОЈОТ СОСЕД,

            АКО САКАШ ДА ЖИВЕЕШ ЗА БОГ!“ – Сенека