4 септември

Текст: Колос. 2:17

 

ЗЛАТЕН РУДНИК

 

„Во Кого се сокриени сите сокровишта на премудроста и познавањето“. Колос. 2:3.

 

Библијата е рудник на богатство, но тоа не се наоѓа само на по­вршината. Повеќето од богатството може да се најде, ако се ко­па подлабоко. Колку подлабоко копаш, толку поголеми ска­по­це­ни камења наоѓаш. Каква трагедија е кога човек гради куќа на ва­ков златен рудник, и не знаејќи за него продолжува да живее во бе­да и сиромаштија. Не постои потреба во човековото срце која не може да биде исполнета од Бог, бидејќи „во него се скриени си­те сокровишта на премудроста и познавањето“.

Некоја стара жена живеела во голема сиромаштија. Еден неј­зин пријател, чул за нејзината сиромаштија и дошол да ја по­се­ти. Жената, покрај другото, се пожалила и на својот син, кој, иако по­долго време живеел во Австралија, не ì праќал никаква помош. „Ре­довно ми пишува, продолжила старицата, и во секое писмо ми пра­ќа по некоја шарена разгледница“. Пријателот побарал да ги ви­ди писмата и разгледниците и на се изненадил кога открил дека тоа не биле никакви разгледници, туку банкноти од 100 австра­лис­ки долари! Кутрата старица не ја сфатила вистинската вред­ност на тие „разгледници“. Живеела во сиромаштија, иако мо­же­ла да живее многу подобро.

Се смееме на ова, но зар не е така со некои верници кои жи­ве­ат како бескуќници, наместо како царски синови? Многу ве­ту­ва­ња ни дал нашиот небесен Татко, но, како старицата, и ние сме ги виделе убавите „разгледници“, не сфаќајќи ја нивната вис­тин­ска вредност.

 

„Јас доаѓам без богатство

 и во духовно сум слепило,

а во Тебе се наоѓам,

 о, Јагне Божјо, доаѓам!“  (ХП135)

 

„БИБЛИЈАТА Е ПРОЗОРЕЦ ОД ЗАТВОРОТ НА НАДЕЖТА, НИЗ КОЈ ГЛЕДАМЕ ВО ВЕЧНОСТА“.